Back To Top

Gemba Кaizen пристап кон континуирано подобрување на процесите

Платформа:

30.10.2020 година (петок), 12.00-15.00 часот

 

Gemba Кaizen е јапонски пристап кон постојано подобрување. Се заснова на ставот дека без обзир колку е нешто добро, тоа може и треба да продолжи да се подобрува.

Целта на обуката е, преку заедничка, но и индивидуална работа низ агендата, да се подобри знаењето на учесниците за континуираното подобрување на процесите со примена на пристапот гемба кајзен. Учесниците ќе го совладаат пристапот Gemba Кaizen и специфичните методи и техники кои ќе им овозможат за кратко време и со минимални ресурси да ги подобрат производните и услужните процеси и целокупното работење на компанијата.

Основата на Кaizen е заедничката работа на сите вработени во компанијата, од работници до менаџери, со тимска работа на Кaizen проекти, за краток период од неколку дена и со ниски трошоци, со промена на начинот на кој луѓето ја вршат својата работа, да се постигне подобро искористување на расположливите средства.

Примената на пристапот на Gemba Кaizen може да ја зголеми ефикасноста на процесот, а со тоа и на целиот бизнис.

Агенда

  1. Систем за производство на Тојота
  2. Gemba Кaizen пристап
  3. Насоки на дејствување на Gemba Кaizen пристапот
  4. Идентификување и елиминација на расипувањето/загубите
  5. Одржување на добра организација (уредување) на работните места со примена на постапката 5C
  6. Стандардизација на операциите на работното место
  7. Работилница: Идентификување и елиминирање на расипувањето (загубите) на пример на еден процес
  8. Работилница: Симулација на одржување на добро уредување  (добар ред) со примена на постапката 5S

Предавач

д-р Драгана Стојановиќ

Доцент на Факултетот за организациски науки, Универзитет во Белград, Катедра за инженерство и менаџмент.

Долги години години е предавач на Кајзен пристапот и активно работи со компаниите на неговото имплементирање. Учествувала во спроведување обуки и решавање проблеми во компаниите од областа на континуирано подобрување на производството (со користење на Кајзен пристап), оптимизација и управување со деловните процеси, систематизација на работните места и утврдување на вредноста на работата, подобрување на системот на плати, подобрување на системот за квалитет и сл.

Целна група на обуката се директори на компании, високи и средни менаџери, вработени за подобрување на процесот и сите заинтересирани за оваа област.
Сите учесници на обуката ќе добијат:
•    работен материјал во електронска форма

Детали за котизација

Котизацијата за еден учесник изнесува: 4.000 денари + ДДВ.

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526

e-mail: institut@koncept.com.mk

Датум: 30 октомври, Рок за пријава: 28 октомври

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт