Back To Top

ГОТОВИНСКО БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ, ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ЗА БЛАГАЈНА НА МАТЕРИЈАЛНИ И ПАТНИ ТРОШОЦИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА И ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА

Обуката ќе се реализира со физичко присуство.
 

10:00 – 15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА
Целта на обуката е стекнување на теоретски и практични знаења за правилната примена на законската и даночната регулатива која го уредува готовинското денарско и девизно благајничко работење и евиденција – уплата на дневниот промет (малопродажба). Со синергија на законската регулатива која го уредува благајничкото работење, даночната регулатива и пренесувањето на искуството од практицирање на дадената проблематика во изминатите 20 години на сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби од оваа област, а ризикот од изречување глоби при инспекциски надзори и трпење прекршочни санкции ќе го сведат на минимум.
На обуката низ практични примери ќе биде објаснета методологијата за пресметка и исплата на дневници за службени патувања во земјата и странство и управување со која законски оформена документација се врши исплата/уплата на готовински пари, сметки за материјални трошоци како и значењето на одлуката за благајнички максимум.Исплатата на издатоците (трошоци) при службено патување и влијанието на истите (процентуално) на пресметката на дневниците и исплатата на издатоците и дневниците над утврдените лимити согласно законската и даночата регулатива.Детално запознавање до новините во благајничкото работење особено во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари согласно Законот за платежни услуги и платни системи.
Правилна примена на одредбите од Законотот за спречување перење пари и финансирање тероризам кои се однесуваат на плаќањата во готовина.

Клучни карактеристики на обуката:

  • Пресметка на дневници за службен пат во земјата;
  • Пресметка на дневници за службен пат во странство;
  • Исплата на издатоци за службено патување и импликации на истите врз пресметката на дневницата;
  • Пропишани лимити за исплата на дневници, што во случај на исплати над истите;
  • Користење сопствено возило за службени цели и алтернативни решенија;
  • Законски правилно попoлнување на патен налог и прилог сметки за издатоци (трошоци) при службеното патување;
  • Благајна за материјални трошоци, благајнички извештај, КП, КИ, фискални сметки, правилно пополнети како доказ дека истите се во функција на вршење на дејноста низ призма на даночна регулатива;
  • Девизна благајна;
  • Благајна за дневен промет;
  • Новини во благајничко работење во 2023 година;
  • Осврт на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам.
СОДРЖИНА
1. Благајничко работење 
•    Плаќања со готовина и плаќања со пресметка согласно одредбите од Законот за платежни услуги и платни системи
•    Одлука за благајнички максимум, утврдување на лимит, салдо во благајна заклучно со 31-ви Декември и задолжителна обврска за осигурување;
•    Задолжителна евиденција на настаните во денарска благајна за материјални и патни трошоци:
–    прием на готовински пари во благајна – каса прими;
–    исплата на готовински  пари од благајна – каса исплати;
–    законски оформена документација врз основа на која се врши исплата на материјални и патни трошоци;
•    Блокирана платежна сметка
•    Малопродажба:
–    водење на книга за евиденција за промет на мало;
–    дневен пазар согласно дневниот извештај од фискална каса;
–    резервен фискален апарат;
–    докуметација врз основа на која се прави прием на готовински пари од дневен промет;
–    уплата на дневен пазар односно во кој законски рок готовинскиот дневен промет се уплатува на  трансакциска сметка во деловните банки;
•    Девизна благајна:
–    откуп и подигање на девизни средства за патни трошоци;
–    трошоци во девизи и методологија за евидентирање во денари;
–    прием и исплата на готови девизи;
–    салдо во девизна благајна заклучно со 31-ви Декември.2.Обврска за изготвување на извештаи и сметководствена евиденција•    Благајнички извештај за материјални и патни трошоци;
•    Благајнички извештај за дневен промет- малопродажба;
•    Девизен благајнички извештај – двојна евиденција во девизи и во денарска противвредност.3. Надоместок на дневници согласно регулативата во РСМ Уредба за службено патување и селидби во странство;
•    Решение и налог за службено патување;
•    Патен налог за службено патување во меѓународен транспорт;
•    Издатоци за сместување, исхрана, превоз и друго за  службени патувања во странство согласно законска регулатива;
•    Влијанието на издатоците за сместување и исхрана на дневниците за службени патување;
•    Трошоци за службени патувања во меѓународен транспорт;
•    Утврдување на бројот и висината на дневниците;
•    Пресметка на трошоците искажани во странска валута;
•    Дневници за службени патувања во земјата;
–    утврдување на висината на дневниците за службени патувања во земјата;
–    пресметка на дневници (низ практични примери);
–    приложување на задолжителна документација како доказ дека службеното патување е во функција на дејноста;
–    патен налог, извештај;
•    Право на дневници за службени патувања во странство;
–    утврдување на висината на дневниците за службени патувања во странство;
–    пресметка на дневници (практични примери);
–    задолжителна документација како доказ дека службеното патување е во функција на дејноста;
–    патен налог и извештај за патувањето;

4.Исплатите на име матерјални и патни трошоци сметководствен и даночен третман согласно стандардите, ЗРО, Персоналниот данок од доход и Данокот на добивка

5. Примена на одредбите од Законот за спречување и перење пари и финансирање тероризам кои се однесуваат на плаќања во готовина

6. Прашања и одговори

ПРЕДАВАЧ:

М-р Ленче Папазовска е професионалец со 40 годишно искуство во сметководство, финансии и деловно право. Со повеќе од 20 години искуство како предавач од областа на сметководството и финансиското работење. Има објавено голем број свои трудови. Посветена е на развојот на сметководствената професија во Македонија и значајна е нејзината препознатливост во регионот и пошироко во Европа.

Таа е активна повеќе од петнаесет години во работата на Сојузот на сметководители на Македонија како претседател на извршниот одбор како и претседател на Собранието. Во 2016 година е именувана за претседател на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија. Магистрирала на катедрата на Правниот факултет на Американскиот колеџ на тема Влијанието на стандардите на МСФИ врз корпоративното управување.
на Американскиот колеџ на тема Влијанието на стандардите на МСФИ врз корпоративното управување.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА: 

вработени во финансиски сектор, сметководство, благајна.

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Редовна котизација за еден учесник:
5.000 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
4.500 ден. (плус 18% ДДВ)Во цената е вклучено:
•    работен материјал
•    сертификат за присуство
•    кафе и освежување
ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВЕН ЛИСТ
Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон:

2 3128 526

2 3128 525

             070 272 207          

 e-mail: institut@koncept.com.mk
         www.koncept.com.mk

 

Почеток:

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт