Back To Top

Градење на емоционална интелигенција

Често е тешко и претставува предизвик да се соработува со различниот тип на луѓе со коишто се среќаваме на работното место – било да се работи за колега, потрошувач, надреден и сл. За успешно работење на една компанија е неопходно нејзините вработени да бидат способни да ги контролираат и да управуваат со своите и емоциите на другите, со што ќе избегнат или решат одредени конфликти или проблеми во комуникација и ќе создадат кохезивна и пријатна работна средина.

За време на обуката учесниците ќе осознаат за тоа:

  • кое е влијанието што го имаат чувствата, реакциите и емоциите врз професионалните врски
  • како најлесно да соработуваат со различни карактери и стилови на комуникација
  • како да се остане флексибилен и отворен на промени
  • како да се избегнат и да се справат со непријатни и стресни ситуации на работното место.

Агенда:

  1. Емоционалната интелигенција на денешното работно место
  2. Зголемување на личната моќ со разбирање на емоциите
  3. Емоционално интелигентна работна средина
  4. Емоционалната интелигенција како стратегиска предност
  5. Емоционалната интелигенција – решение на конфликти и тешки интеракции
  6. Совети за себеуправување за постигнување на ефективност

Обуката е наменета за:

Бизнис професионалци кои сакаат да ги подобрат перформансите и односите преку емоционална интелигенција.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт