Back To Top

Имплементација на управување со ризици во организацијата според стандардот ISO 31000

Управувањето со ризици е важен фактор за успешно раководење и организирање на компанијата и предвидување на ризиците пред да се случат. Со помош на стандардот ISO 31000, организацијата може да воспостави систематичен пристап за управување со ризиците преку дефинирање на контекстот и алатките кои ќе се користат како и активностите и одговорностите. Целта на оваа обука е преку кратки презентации и интерактивни вежби да ви ги доближи концептите и да ве запознае со техниките за дефинирање на системот за управување со ризик, спроведување на оценка на ризици и стратегиите за третман на ризиците. По оваа дводневна обука ќе сте во можност во својата компанија да ги започнете иницијативите за управување со ризик и истите ефективно да ги реализирате.

Цели :

  • Запознавање со ризиците;
  • Анализа на ризиците;
  • Чекори за проценка на ризик преку дефинирање на методологии за проценка на ризик;
  • Дефинирање на начини за следење и управување на ризиците .

Агенда:

Ден 1:

  • Концепти и дефиниции од управување со ризикот
  • Вежба 1 – Личен vs. организациски апетит за ризик
  • Стандардот и регулаторната рамка
  • Дефинирање на рамка за управување со ризикот
  • Вежба 2 – Воспоставување на контекст
  • Улоги и одговорности за управување со ризик
  • Вежба 3 – Дефинирање на критериуми за оценка на ризик

Ден 2:

  • Идентификација на ризици
  • Вежба 4 – Идентификација на изворите на ризици
  • Анализа и евалуација на ризиците
  • Вежба 5 – Идентификување на влијание и веројатност
  • Третман на ризици
  • Вежба 6 – Опции за третман на ризици
  • Прифаќање на ризикот и управување со преостанатиот ризик
  • Комуникација и консултација во врска со ризиците со засегнатите страни
  • Вежба 7 – Комуникација во врска со ризиците
  • Мониторинг и преиспитување на ризикот

Обуката е наменета за:

Менаџери, управители на компании кои се од производствена и услужна дејност. Истата особено е корисна за менаџерските позиции, управителите и лицата кои се директно вклучени во процесот на донесување деловни одлуки во организациите.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт