Back To Top

Имплементирање на одредбите од правилникот за користење на лифтови и транспортери

Дали поседувате лифтови и транспортери (лифтови/лифтовски платформи за превоз на лица, платформи за скали кои се движат по водилка, транспортери за лица, сервисна лифтови, извозни постројки во рудници, лифтовски платформи и подигачи во театри и сл.)?

Дали вашата опрема е исправна за работа?

Дали вашата опрема има добиено решение за ставање во употреба?

Сигурноста и исправноста на техничката опрема е од пресудно значење како за безбедноста и за здравјето на вработените, така и за исполнување на планот за производство,  а со тоа и за рентабилноста на вашата компанија.

Обуката може да ви помогне:

  • Да дознаете која е опремата што подлежи на технички прегледи и за која е  потребнo Решение за употреба пред да се пушти во работа;
  • Кој е начинот и постапката за ставање на техничката опрема во употреба;
  • Кој ги изведува техничките прегледи и периодичните испитувања на техничката опрема;
  • Која е постапката за исполнување на условите за добивање на акредитација     за вршење на технички прегледи и периодични испитувања;
  • Кои се условите за Акредитираните тела по добивање на акредитација;
  • Која е постапката по добивањето решение за употреба и доделувањето евиденциски број за техничката опрема;
  • Кои се роковите за целосно завршување на постапката;
  • Кои се опасностите по одговорните лица во правните лица во случај на несреќен случај од техничка опема без добиено Решение за пуштање во употреба или без извршен периодичен технички преглед;
  • Кои се казнените одредби и како да го намалите ризикот од можни казни.

Агенда:

  1. Одредби од Законот за техничка инспекција поврзани со користењето на техничката опрема
  2. Одредби од Правилникот за користење на дигалки и индустриски транспортери:
    а)  Општи одредби од овој правилник
    б)  Постапка за ставање во употреба и користење
    в)  Обврски на корисникот при користење на техничката опрема
  3. Временски распоред, активности, начин и постапка на вршење на технички прегледи и периодични испитувања
  4. Обврски по изведените периодични технички прегледи
  5. Кој ги врши техничките прегледи
  6. Постапка и обврски на независното правно лице при вршење технички преглед на техничката опрема
  7. Документација која ја следи техничката  опрема при ставање во употреба и користење
  8. Законски рокови за постапување (преодни и завршни одредби од правилникот)
  9. Казнени одредби

Обуката е наменета за:

  1. Правни лица и  физички лица кои поседуваат
  2. Лифтови за превоз на лица, за превоз на лица и стоки или за превоз само на стоки со пристап на лица во кабината;
  3. Лифтовски платформи за превоз на лица, за превоз на лица и стоки или за превоз само на стоки со пристап на лица на платформата (на пр. лифтовски платформи за превоз на лица кои се движат со помош на количка, лифтовски платформи за возила со управување од платформата, лифтовски платформи за доставување на материјали);
  4. Платформи за скали кои се движат по водилка поставена под наклон кои го следи наклонот на скалите (на пр. платформа за скали за превоз на лица кои се движат со помош на количка и сл).
  5. Транспортери за лица (ескалатори и подвижни ленти за превоз на лица);
  6. Сервисни лифтови, односно лифтови и лифтовски платформи за превоз само на стоки без пристап на лица во кабината или на платформата (на пр. лифтови за пренос на храна, за доставување на материјали);
  7. Градежни лифтови, платформи и висечки скелиња со механизиран погон кои се привремено вградени во објекти и се наменети за подигање лица или лица и стоки или само стоки;
  8. Извозни постројки во рудници;
  9. Лифтовски платформи и подигачи во театри со механизиран погон;
  10. Висечки подвижни платформи со пристап на лица кои се привремено или постојано вградени во објекти и се наменети за одржување на објектите, наменета за сите физички лица, претседатели на куќни совети, правни лица кои вршат управување со станбени и деловни објекти, фабрики, хотели, ресторани, аеродроми, трговски центри, деловни објекти,  рудници за експлоатација на минерални суровини или изведувачи на рударски активности, градежни фирми, независни правни тела кои вршат испитување на опремата и сервисери за лифтови и транспортери и слично.
*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт