
Имплементирање на одредбите од правилникот за користење на рударска техничка опрема
Дали поседувате опрема за изведување рударски работи?
Дали вашата опрема е исправна за работа?
Дали вашата опрема има добиено решение за ставање во употреба?
Сигурноста и исправноста на рударската техничка опрема е од пресудно значење како за безбедноста и за здравјето на вработените, така и за исполнување на планот за производство, а со тоа и за рентабилноста на вашата компанија.
Обуката може да ви помогне:
- Да дознаете која е опремата што подлежи на технички прегледи и за која е потребна употребна дозвола;
- Кој е начинот и постапката за ставање на техничката опрема во употреба;
- Кој ги изведува техничките прегледи и периодичните испитувања на рударската техничка опрема;
- Која е постапката по добивањето решение за употреба и доделувањето евиденциски број за рударската техничка опрема;
- Кои се роковите за целосно завршување на постапката;
- Кои се казнените одредби и како да го намалите ризикот од можни казни.
Агенда:
- Одредби од Законот за техничка инспекција поврзани со користењето на рударската техничка опрема
- Одредби од Правилникот за користење на рударската техничка опрема:
а) Општи одредби, поделба на рударската техничка опрема опфатена со овој правилник
б)Постапка за ставање во употреба и користење
в)Обврски на корисникот на рударската техничка опрема - Временски распоред, активности, начин и постапка на вршење на технички прегледи и периодични испитувања
- Обврски по изведените периодични технички прегледи
- Кој ги врши техничките прегледи
- Постапка и обврски на независното правно лице при вршење технички преглед на рударската техничка опрема
- Документација која ја следи рударската техничка опрема при ставање во употреба и користење
- Законски рокови за постапување (преодни и завршни одредби од правилникот)
- Казнени одредби
Обуката е наменета за:
Концесионери кои поседуваат концесија за експлоатација на минерални суровини или изведувачи на рударски активности, независни правни тела кои вршат испитување на опремата, сервисери на опремата и слично.