Back To Top

Имплементирање на Законот за БЗР и Правилникот за користење на лифтови и транспортери

ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ЛИЧНА ЗАШТИТНА ОПРЕМА КОЈА ВРАБОТЕНИТЕ ЈА УПОТРЕБУВААТ ПРИ РАБОТА И ПРАВИЛНИКОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА НА ОПРЕМА ЗА РАБОТА

Цели на семинарот:

Дали поседувате лифтови и транспортери (лифтови/лифтовски платформи за превоз на лица, платформи за скали кои се движат по водилка, транспортери за лица, сервисни лифтови, извозни постројки во рудници, лифтовски платформи и подигачи во театри и сл.)?

Дали вашата опрема е исправна за работа?

Дали вашата опрема има добиено решение за ставање во употреба?

Сигурноста и исправноста на техничката опрема е од пресудно значење како за безбедноста и за здравјето на вработените, така и за исполнување на планот за производство, а со тоа и за рентабилноста на вашата компанија.

Семинарот може да ви помогне:

  • Да дознаете која е опремата што подлежи на технички прегледи и за која е потребна Решение за употреба пред да се пушти во работа;
  • Кој е начинот и постапката за ставање на техничката опрема во употреба;
  • Кој ги изведува техничките прегледи и периодичните испитувања на техничката опрема;
  • Која е постапката за исполнување на условите за добивање на акредитација за вршење на технички прегледи и периодични испитувања;
  • Кој се условите за Акредитираните тела по добивање на акредитација;
  • Која е постапката по добивањето решение за употреба и доделувањето евиденциски број за техничката опрема;
  • Кои се роковите за целосно завршување на постапката;
  • Кои се опасностите по одговорните лица во правните лица во случај на несреќен случај од техничка опема без добиено Решение за пуштање во употреба или без извршен периодичен технички преглед;
  • Кои се казнените одредби и како да го намалите ризикот од можни казни.

Агенда:

  1. Одредби од Законот за техничка инспекција поврзани со користењето на техничката опрема
  2. Одредби од Законот за безбедност и здравје при работа
  3. Одредби од Правилникот за користење на лифтови и транспортери:
    а) Општи одредби од овој правилник
    б) Постапка за ставање во употреба и користење
    в) Обврски на корисникот при користење на техничката опрема
  4. Одредби од Правилникот за лична заштитна опрема која вработените ја употребуваат при работа
  5. Одредби од Правилникот за безбеднос и здравје при работа на опрема за работа
  6. Временски распоред, активности, начин и постапка на вршење на технички прегледи и периодични испитувања
  7. Обврски по изведените периодични технички прегледи
  8. Кој ги врши техничките прегледи
  9. Постапка и обврски на независното правно лице при вршење технички преглед на техничката опрема
  10. Документација која ја следи техничката  опрема при ставање во употреба и користење
  11. Законски рокови за постапување (преодни и завршни одредби од правилникот)
  12. Казнени одредби.

Семинарот е наменет за:

Правни лица кои управуваат со станбени и деловни објекти, Куќни совети и претседатели на куќни совети, сервисери на лифтови, монтажери на лифтови, производители на лифтови и трговци  со лифтови:

  1. лифтови за превоз на лица, за превоз на лица и стоки или за превоз само на стоки со пристап на лица во кабината.
  2. лифтовски платформи за превоз на лица, за превоз на лица и стоки или за превоз само на стоки со пристап на лица на платформата ( на пр. Лифтовски платформи за превоз на лица кои се движат со помош на количка, лифтовски платформи за возила со управување од платформата, лифтовски платформи за доставување на материјали).
  3. Платформи за скали кои се движат по водилка поставена под наклон кои го следи наклонот на скалите ( на пр. Платформа за скали за превоз на лица кои се движат со помош на количка и сл).
  4. Транспортери за лица (ескалатори и подвижни ленти за превоз на лица).
  5. Сервисни лифтови, односно лифтови и лифтовски платформи за превоз само на стоки без пристап на лица во кабината или на платформата (на пр. Лифтови за пренос на храна, за доставување на материјали)
  6. Градежни лифтови, платформи и висечки скелиња со механизиран погон кои се привремено вградени во објекти и се наменети за подигање лица или лица и стоки или само стоки.
  7. Извозни постројки во рудници
  8. Лифтовски платформи и подигачи во театри со механизиран погон
  9. Висечки подвижни платформи со пристап на лица кои се привремено или постојано вградени во објекти и се наменети за одржување на објектите.
*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт