Back To Top

Искористете го потенцијалот на интернет рекламирањето за да допрете до потенцијалните потрошувачи

Со појавата на Интернетот како комуникациски медиум се промени медиумската слика на светот. За само десетина години, Интернетот го помина патот од мрежа за размена на информации до глобален комуникациски медиум кој денес го користат преку 600 милиони луѓе ширум светот.

Несомнено, интернетот освојува голем дел од маркетинг колачот и токму поради тоа компаниите масовно ја согледуваат потенцијалната можност за онлајн комуникација со своите потрошувачи. Со вистинскиот избор на интернет базирани алатки и со малку повеќе креативност компаниите лесно може да ја оправдаат вредноста на маркетингот, бидејќи резултатите се видливи и мерливи.

Со оглед на неопходноста од креирање на Интернет маркетинг стратегија како клучен двигател за континуирано подобрување на бизнисот на одредена компанија обуката на тема: “Искористете го потенцијалот на Интернетот рекламирањето за да допрете до потенцијалните потрошувачи!!!”, ќе доведе до зголемување на структуираното знаење на компаниите за Интернет маркетинг стратегијата.

Агенда:

  1. Интернет маркетинг
    –    Зошто секоја компанија треба да се одлучи онлајн да комуницира со потрошувачите. А што со традиционалниот маркетинг и традиционалните канали на комуникација?
    –    Интернет маркетинг во Македонија (како македонските компании комуницираат онлајн, каде сме во споредба со развиените земји).
  2. Интернет маркетинг канали
    –    Видови на канали, разработка на секоја:
    –    Веб страна и оптимизирање на пребарувач (Search Engine Optimization)
    –    Социјални медиуми
    –    Интернет портали
    –    Платено рекламирање
    –    E-mail маркетинг
  3. Резултати – што потоа?
    –    Како и што да мерите кај вашите реклами и активности.
    –    Извештаи и статистики за вашите реклами и активности.
    –    Креирање на извештај од добиените резултати.
    –    Анализа на feedback-от од корисниците.
    –    Корекција на преземените активности и изготвување на план за идните активности.
  4. Финансирајте ја комуникацијата со потенцијалните потрошувачи.
    –    Како да го убедите топ менаџментот за ефикасноста на интернет маркетинг-активностите.
    –    Изготвување на висина и план за распределба на буџетот.
  5. Практично запознавање со карактеристиките на интернет маркетинг стратегијата преку анализа на студија на случај.

Обуката е наменета за:

Обуката е наменета за маркетинг-менаџери и вработени во маркетинг-секторот; менаџери за продажба и вработени во продажен сектор; сопственици на мали и средни претпријатија; како и за сите оние кои учествуваат во креирањето и имплементирањето на корпоративната маркетинг-стратегија.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт