Back To Top

Истражување на животен стил и етнографија

Основната премиса при креирање на билокој бизнис е задоволување на потреба детектирана кај клиентите. Производите или услугите кои се развиваат се решение за детектираните потреби.

Многу често бизнисите иако успешни во одреден период доаѓаат во фаза во која се случуваат значајни прераспределувања на силите на пазарот и не можат да си објаснат  од каде таквата промена.
Секому е јасно дека промените кои настанаа последично на пандемијата со Ковид 19, се одразуваат на сите аспекти на човековото функционирање и консеквентно на бизнисите и пазарите.

Не е веќе прашање ДАЛИ, туку КАКО и КОЛКУ животниот стил на клиентите влијаат врз бизнисите и динамиките на пазарот.

И во услови кога мора да се одговори на тие видливи промени, како на најефикасен начин да се прилагодат бизнисите согласно променетиот животен стил, променетиот вредносен систем и променетите трендови?

Со истражување дедицирано на детекција на животниот стил се гарантира успешен  развој на производи и услуги според ново воспоставениот животен стил, потреби и вредности.

АГЕНДА

1.Вовед
•    Концепт на животен стил етнографија и глобални трендови
•    Важноста на истражувањето на животен стил во развој на производи и услуги
•    Како податоците од истражувањето на животен стил влијаат на бизнисот

2.Алатки за истражување на животен стил
•    Етнографија
•    Глобални трендови и детекција на национално ниво
•    Roper Consumer Trends
•    Censydiam

3.Резултати од студии за животен стил и импликации во бизнисот
•    Животни стилови и развој или промена на бизнис моделот
•    Трендови кај клиентите како основа за R&D
•   Продажни канали за раст на бизнисот согласно промените во животниот стил
•  Кои се канали на приходи можат да се отворат согласно промените во животниот стил
Предавач

Весна Кузмановиќ 


Доктор по иновациски менаџмент и долгогодишен претприемач во областа на истражувањата на пазар. Единствена жена во Македонија која  ја продала сопствената компанија на интернационална компанија и така донела глобален бренд да делува на територијата на РМ. Екстензивно искуство во областа на истражување со локални и интернационални компании како: Алкалоид, Тиквеш, Прилепска Пиварница, Пивара Скопје, Grupacii Heineken, The Coca Cola Company, Deutche Telecom, Autria Mobilkom, Nestle, Unilever, итн. Професор на UACS Скопје од 2003

Таа е основач и управител на Стратум Р&Д. Повеќе за Стратум Р&Д на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=GsrqPlVEvb8&feature=share

Старт ап компанијата која ја формира 2015 е номинирана на WIF, Светски Иновациски Форум во Луцерн, Швајцарија за најинтригантен старт ап, со решенија од областа на невромаркетинг, со што ќе настапува пред Инвеститори од Силиконска долина.

Целна група

Обуката е наменета за директори на компании, високи и средни менаџери, вработени за подобрување на процесот и сите заинтересирани за оваа област.

Сите учесници на обуката ќе добијат:

  • работен материјал
  • кафе и освежување
  • закуска

Детали за котизација

Котизацијата за еден учесник изнесува: 5.000 денари + ДДВ.

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526

e-mail: institut@koncept.com.mk

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт