Back To Top

ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ И ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА КОНЦЕСИОНЕРИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ СО НОВИТЕ ИЗМЕНИ

Цел на обуката
Главната цел на Законот за минерални суровини е да ги уреди условите и начинот на вршење на геолошките истражувања и експлоатацијата на минерални суровини, поттикнувањето и унапредувањето на истите со цел да се обезбеди оптимална искористеност на минералните суровини во согласност со начелата на одржлив развој и заштита на животната средина и здравјето на луѓето.Предложените измени и дополнувања на Законот за минерални суровини се во фунција на усогласување на одредбите од овој закон со одредбите од Законот за прекршоците. Со Предлог на законот се овозможува намалување на износот на глобите за субјектите, доколку согласно Законот за трговските друштва се класифицирани како микро и мали трговци, додека за останатите трговци, класифицирани како средни и големи, износот на глобата во поголемите прекроци се предлага да биде зголемен.Извршено е и усогласување со одредбите од Законот за техничка инспекција, во делот на терминологијата на инспекторите, поточно секаде каде што стои “Државните инспектори за електрика во рударството” се менува во “Државни инспектори за опрема, производи и постројки наменети за користење при експлоатација на минерални суровини”, а извршени се и усогласувања во постапката за вршење на инспекцискиот надзор.
Извршено е и техничко подобрување на текстот на Законот, како и доуредување на дел од одредбите во насока истите да бидат поприменливи во пракса.
Во дел од предвидените измени се постапува по забелешките и ревизорските наоди на Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на успешност за ефикасноста на наплатата на концесиските надоместоци.
На семинарот ќе се објаснат сите побитни измени во Законот за минерални суровини и ќе се посочат правата и обврските на концесионерите кои произлегуваат со новите измени.

СОДРЖИНА

Вовед
Сесија 1
•    Претставување на предавачите и учесниците и
•    Презентирање на поважните измени и дополнувања на Законот за минерални суровини
Сесија 2
•    Образложување на правата и обврските на концесионерите кои произлегуваат со новите измени и
•    Прашања и предлози

ПРЕДАВАЧИ

1.м-р Драган Димитровски,
Виш инспектор во Државниот инспекторат за техничка инспекција

2.м-р Александра Митреска,
Помошник раководител на Сектор за минерални суровини во Министерството за економија

ЦЕЛНА ГРУПА

Концесионери кои поседуваат концесија за експлоатација на минерални суровини или изведувачи на рударски активности, заинтересирани странки кои планираат отпочнување на постапка за добивање на концесија за екплоатацијa.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
•    работен материјал во електронска форма;
•    сертификат за присуство

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата за прво лице изнесува 5.000 ден +ДДВ, а за секое наредно лице изнесува 4.500 ден + ДДВ.

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до 29 јуни 2022 година.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт