
„Јавна набавка од А до Ш “ од теорија до пракса, сè што треба да се знае!
Обуката ќе се реализира со физичко присуство.
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
ЦЕЛИ НА ОБУКАТА
Ве поканува на специјализирана обука за почетници во постапките за јавни набавки, оние кои сакаат да го подобрат или обноват своето знаење, понудувачи, сопственици на компании, управители, лица кои учествуваат во подготвување на понудите, консултанти и за сите други заинтересирани лица за наведените теми. Обуката ќе се спроведе на почетно ниво со практични примери, целосно спроведување на постапка за јавна набавка од А до Ш и подготовка на понуда со цел едукација и подготовка на професионален кадар – за правилно учество во постапките и поднесување на успешни и квалитетни понуди.
Професионален кадар од страна на понудувачите = поголема конкуренција = поквалитетни понуди = поголема вредност за јавните пари.
Покрај презентациите од страна на предавачите, учесниците ќе може да поставуваат прашања и да добијат прецизни и точни одговори и мислења за правилна примена и учество во пазарот на јавни набавки во РСМ.
Учествувајќи на оваа обука ќе имате можност да се запознаете со начелата, начинот на подготвување на понудите и учествување на јавните набавки, правата и обврските кои произлегуваат од учество во постапките, подетално ќе се запознаете со правилата и спецификите со цел стекнување на предзнаење и/или обновување и подобрување на своето знаење за работа во областа на јавните набавки, и тоа:
СОДРЖИНА
1. Како навремено да дознаеме и да се подготвиме за понудување! Целосен пристап до годишните планови на сите договорни органи (Е-ПЛАН);
2. Видови постапки за јавна набавка и нивни карактеристики – примери од пракса
3. Разликите помеѓу набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка
4. Технички дијалог (претходна проверка на пазарот)
5. Условите од Тендерска документација и техничка спецификација, како да се чита и на што да се внимава – практични упатства и насоки на што да се внимава
6. Подготовка на понудата од почеток до крај – од добивање инфо за објавен оглас, прашања и одговори пред јавно отварање, јавно отварање, појаснување и дополнување, што во случај на аритметичка грешка или неверојатно ниска цена, одлука за избор/поништување – примери од пракса
7. Критериуми за доделување на договорот – јасни, прецизни и недискриминирачки одредби
8. Сооднос цена/квалитет и цена/трошоци за животен век – детални образложенија и насоки, дали и како истите да се користат
9. Правата и обврските на понудувачите – Што? Кога? Како?
10. Потребна документација за учество на тендер – кои се услови за исклучување и за квалитативен избор, најчести пропусти и грешки?
11. Цена на понудата заснована врз реални трошоци + заработка, НЕ ПОСТОИ МОЖНОСТ ЗА РЕВИДИРАЊЕ НА ЦЕНАТА и ОПЦИОНАЛНА Е-АУКЦИЈА
12. Како договорите органи ја прават евалуацијата на понудите? Што се прегледува? Како и кога може да се бара појаснување и дополнувања на понудата? И што може да се менува?
13. Електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН) – СÈ НА ЕДНО МЕСТО (оглас, измена и дополна, тендерска документација, известување за склучен договор/поништување на постапката, квартална евиденција, известување за доброволна трансапрентност, известување за измена на договорот)
14. Електронска жалба, рокови за изјавување на жалбата и начин на поднесување?
15. ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ – Што се потпишува? Кој и кога потпишува? Како се потпишува?
16. Негативна референца – Што е? Кога се издава? Како се издава?
17. Кои податоци не може да се означат како деловна тајна и како се прави увид во понудите на конкурентите/понудувачи?
18. Измена на склучен договор во тек на негова реализација и услови кои треба да се имаат во предвид
19. Какво е влијанието на променливите пазарни цени на веќе склучените договори за јавни набавки и кои можни решенија им стојат на располагање на договорните органи?
20. Која методологија за проверка на измена на цените е применлива?
21. Дали зголемувањето на цените се однесува на вкупно зголемување на вредноста на договорот или зголемувањето се уврдува на поединечните цени по ставки?
22. Електронски пазар за набавка од мала вредност – дали сте запознаенисо правилата и предизвиците при спроведување на набавките од мала вредност преку е-Пазар.
23. Изгответе понуда во форма на електронски каталог и начин на креирање на индивидуален каталог. Иновативна метода на набавка која е комбинација од електронска продавница и јавна набавка со користење на универзални карактеристики на стоките кои се нудат/набавуваат со објава на „мини оглас“ како намера за набавка. Многу можности и без ограничувања.
Сѐ повеќе економски оператори, секојдневно ги внесуваат своите производи на е-Пазарот и поднесуваат понуди во форма на е-каталог многу едноставно со неколку кликнувања.Сѐ повеќе се кориси е-Пазарот! Понудувајте побрзо, поекономично и поедноставно.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:
Советувањето е наменето за сите економски оператори, сопственици на компании, лица кои учествуваат во подготвување на понудите, консултанти и за сите други заинтересирани лица.
ПРЕДАВАЧИ:
м-р Марија Јованоска
Лидер на тимот за имплементација, одржување и развој на Електронскиот систем за јавни набавки и унапредување на истиот со воведување на нови електронски алатки и најдобри практики во областа, како и на тимот за имплементација и развој на Електронскиот пазар за набавки од мала вредност. Во Бирото за јавни набавки од неговото основање во 2004 година, а последните десетина години како Раководител на сектор. Активно учествуваше во изработката на новиот Закон за јавни набавки (2019) како и во сите претходни законски решенија, подзаконски акти, прирачници, модели на тендерски документи, активно учествува во изготвување на најразлични статистички анализи на податоците за јавни набавки и врз основа на добиените резултати предлага мерки за унапредување и воспоставување на потранспарентен и поефикасен систем на јавна потрошувачка и подобрување на бизнис климата во земјата. Во текот на својата работа, учествува на голем број семинари, обуки и конференции во земјата и во странство. Вклучена е во голем број на проекти управувани од ЕК, СИГМА, Светска банка, ГИЗ и УСАИД. Поседува големо познавање на ЕУ директивите, активен член е на експертска група за електронски набавки (EXEP) формирана од ЕК. Сертифициран обучувач е од воспоставувањето на програмата за едукација за јавни набавки со одржани голем број обуки наменети за лица кои спроведуваат законот (ДО) и лицата кои поднесуваат понуди за јавни набавки (ЕО). Сертифициран обучувач e од ITC-ILO International Training Centre – Торино, Италија. Поседува и меѓународни сертифитикати од UNDP/CIPS (level 2 и 3). Автор е и ко-автор на голем број стручни трудови, практикуми, прирачници и брошури за различни теми од областа на јавните набавки и електронските алатки.
м-р Горан Давидовски
Моментално работи на позиција Помошник раководител на секторот за управување на ЕСЈН и следење на системот за јавни набавки во Бирото за јавни набавки. Учествуваше во работната група која во 2009 го разви и имплементираше постоечкиот ЕСЈН и во текот на годините е вклучен во сите аспекти од развојот и унапредувањето на ЕСЈН, како и на националниот систем за јавни набавки во целост. Исто така, дел е од тимот кој работи на имплементација и развој на Електронскиот пазар за набавки од мала вредност. Зема учество како клучен експерт во неколку проекти за развој на системот за јавните набавки во Македонија, управувани од УСАИД, Европската Комисија (ЕК) и Светската Банка. Поседува големо искуство во областа на јавните набавки на национално ниво, познавање на ЕУ директивите, како и искуство и познавање во спроведувањето на постапките на меѓународните финансиски организации (СБ, ММФ, УН итн.). Дел е од работната група која го изготви новиот Закон за јавни набавки (2019 година). Работи и како обучувач за јавни набавки, како за институциите од државниот и јавен сектор, така и за приватните компании, со голем број на реализирани тренинг сесии во изминативе години. Поседува сертификат за национален обучувач, а исто така има лиценца за обучувач на ЕУ ниво добиена од ITC-ILO центарот во Торино. Неодамна се здоби со Диплома за стратешки јавни набавки издадена од UNDP/CIPS. Автор е и коавтор на повеќе публикации, истражувања и книги поврзани со јавните набавки и е-Набавките.
ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Редовна котизација за еден учесник:
5.500 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
5.200 ден. (плус 18% ДДВ)
За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:
телефон: 2 3128 526, 2 3128 525, 070 272 207