
КАКО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ НАЈДОБРИОТ КАНДИДАТ? (РЕГРУТАЦИЈА И СЕЛЕКЦИЈА НА КАДАР)
Секој тим има некои членови кои заминуваат, а некои доаѓаат. Како да ги пронајдете на пазарот и да ги изберете вистинскиот кадар за вас?
Процесот на регрутирање претставува систематска процедура што бара познавање на процесот и интензивно вложување на ресурси и време.
Креирајте конкурентска и стратешка предност за Вашата организација преку селекција на вистинскиот кандидат за работното место.
Целта на оваа програма е учесниците да научат или да го подобрат начинот на регрутирање и избор на кандидати, кои се најважните елементи на секој кандидат, како да се избере вистинската личност во однос на барањето за работа и како да се вклопуваат со постојните членови на тимот.
По завршувањето на обуката учесниците ќе бидат оспособени за:
- Анализа на работното место и дефинирање на работни задачи и одговорности
- Утврдување на потребни квалификации, особини и карактеристики
- Анализа на биографии и телефонски интервјуа со кандидатите коишто одговараат на бараниот профил
- Селективно интервју и подготовка на кратка листа со потенцијални кандидати
- Психолошки тестови за определување на карактерни особини
- Изработка на профил на личноста и писмен извештај за секој кандидат поединечно
|
|
Детали за котизација
Котизацијата за еден учесник изнесува 5.000 денари, плус ДДВ.
За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 4.500 денари, плус ДДВ.