Back To Top

Клучни индикатори за успешност (KPI) на човечките ресурси

Online обука на платформа:
File:Zoom Communications Logo.svg - Wikimedia Commons

  30 мај 2023 година (вторник)
10:00 – 15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Целта на обуката е да ја подобри ефикасноста и ефективноста на функцијата човечки ресурси и да ги усогласи целите и активностите на човечките ресурси со стратегијата на организацијата. Усогласувањето и подобрувањето на сите активности поврзани со човечките ресурси во една организација може да се постигнат со дефинирање на клучните индикатори за успешност на човечки ресурси и нивно следење преку соодветен систем за известување.

Стратегијата за човечки ресурси има влијание врз сите аспекти на бизнисот. Активностите и процесите на човечки ресурси (регрутирање, избор, вработување, надоместок и бенефиции, обука и развој, управување со таленти, организациски дизајн, итн.) имаат првенствено влијание врз резултатите поврзани со вработените (како што се мотивација, отсуство од работа, ниво на компетентност, ефекти, трошоци за работна сила, итн.), но исто така и врз сите стратешки и оперативни цели на организацијата (профит, пазарна вредност, удел на пазарот, продуктивност, квалитет на производи и услуги, задоволство на клиентите, организациски вредности итн.).

Со цел да се следи ефикасноста од активностите на човечките ресурси и резултатите поврзани со вработените, во пракса, успешно се користат соодветни мерила, индикатори за успешност, кои ни кажуваат дали сме на вистинскиот пат кон постигнување на целите на човечките ресурси и дали нашите напори се вклопуваат со пошироката стратегија на организацијата.

Клучните индикатори за успешност (KPI) на човечки ресурси се делумно универзални и се однесуваат на сите организациски системи, но исто така и нивниот избор мора да биде усогласен со дефинираната стратегија и целите на организацијата.

Изборот на соодветни индикатори и системи за известување за човечки ресурси, што е потврдено со бројни истражувања, ги подига перформансите на целата организација. Затоа, на овој проблем мора да му се посвети соодветно внимание и ресурси. KPI на човечки ресурси се водич за менаџментот во насока на создавање на здрава основа и сила за долгорочен деловен успех.

СОДРЖИНА

1. HR синџир на вредности

  • HR активности и процеси
  • HR резултати
  • Организациски резултати

2. Мерење во менаџментот

3. Деловни индикатори

  • Индикатори за успешност и индикатори  за резултати
  • Водечки индикатори за минати резултати
  • Разлики помеѓу индикаторите
  • Категоризација на деловните индикатори
  • Клучни индикатори за успешност- KPI

4. Хиерархија на стратегија и цели

  • Стратегија и стратешки задачи

5. Критични фактори за успех – CSF

  • Врска помеѓу CSF и KPI
  • Дефинирање на критични фактори за успех – CSF
  • Примери за дефинирање на CSF во човечките ресурси

6. Најчесто користени KPI во човечките ресурси

  • KPI за HR активности
  • KPI за HR резултати
  • KPI за организациски резултати

7. Пресметка на KPI во човечките ресурси

  • Примери за работа со бази на податоци
  • Подготовка на динамични извештаи од KPI

Најчесто поставувани прашања и одговори

ПРЕДАВАЧ

проф. Милош Јевтиќ


Вонреден професор на Факултетот за организациски науки во Белград. Неговите области на интерес се областите на организацискиот дизајн, системите за мерење на перформансите и организациската култура. Тој е акредитиран консултант за Hofstede и Human Synergetics за промена на организациската култура.

Неговата професионална биографија брои над 50 комерцијални проекти (развој на деловни планови, физибилити студии, организациско преструктуирање и сл.) кои ги водел или учествувал, како и повеќе обуки за различни целни групи. Досега има одржано обуки за повеќе од 1.000 вработени од различни компании (НИС,Телеком Србија, Енергопроект, Тигар гуми, Галеника, Комерцијална банка и многу други) и редовни академски курсеви за над 15.000 студенти.

 

ЦЕЛНА ГРУПА

         
Менаџери и вработени во човечки ресурси, вработени задолжени за стратешко планирање во организацијата, контролери, вработени во секторот за план и анализа, но и највисокото раководство во компаниите. Оваа обука е наменета и за лица кои планираат да се занимават со човечки ресурси.

Сите учесници на обуката ќе добијат:
•    работен материјал
•    скрипта со 33 KPI во електронска форма

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Котизација за еден учесник:
6.000 ден. (плус 18% ДДВ)

Во цената е вклучено:
•    работен материјал  
•    скрипта со 33 KPI во електронска форма

ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВЕН ЛИСТ

Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 25 мај 2023 година.

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон:

2 3128 526

2 3128 525

             070 272 207          

 e-mail: institut@koncept.com.mk
         www.koncept.com.mk

 

Почеток: 30 мај 2023 година

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт