Back To Top

Клучни индикатори за успешност (KPI) во организациите

Платформа:

21.12.2020 година (понеделник), 10.00-15.00 часот

Обуката,  KPI – Клучни показатели за успешност во организациите, може да се користи од високиот менаџмент, за координација на сите процеси и активности во организацијата, како и менаџерите и вработените на пониски нивоа, за да се разбере врската помеѓу резултатите и активностите постигнати во организациските делови и работните места со резултатите и активностите на целата организација.

Знаењето и вештините што ќе ги стекнат учесниците ќе им помогнат во:
• дефинирање на индикатори за сопствени перформанси,
• индикатори за организациски делови,
• индикатори за процеси и
• индикатор за работни места.

Обуката бара сите учесници активно да се вклучат и да учествуваат. Секој учесник ќе има можност да ги совлада основните техники за дефинирање на индикатори за успешност за време на обуката, преку работа на специфични практични примери.

По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат да работат независно на понатамошна обука во дефинирање на клучните индикатори за успешноста на организациската единица во која работат и со кои управуваат.

Целта на обуката е вработените, пред сè, на раководните позиции, да стекнат основни знаења од областа на дефинирање на клучни индикатори за успешност и мерење на постигнатите перформанси во организацијата.

Клучните индикатори за успешност (КПИ) се индикатори што се користат во бизнисот за планирање и следење на перформансите на организациите. Прашањето за дефинирање на клучните деловни индикатори денес е сè поприсутно во пракса.

Истражувањата покажауваат дека над 90% од најуспешните компании во светот имаат некаква форма на примена на клучните деловни индикатори (преку концепти и методологии, како што се стратешки мапи, balanced scorecard, итн.).

Клучните индикатори за успешност може да се дефинираат за сите нивоа во организацијата:
• ниво на работни места,
• ниво на помали организациски единици (служби и оддели),
• нивото на сектор, дирекција и целата организација.

Понатаму, клучните индикатори можат да ги дефинираат процесите што се спроведуваат преку неколку организациски единици:
• набавка,
• производство,
• продажба,
• финансии

Покрај традиционалните индикатори за финансиски деловни активности, КПИ вклучуваат и нефинансиски индикатори. За време на обуката, посебен акцент е ставен на дефинирање индикатори поврзани со:

• нефинансиски индикатори,
• индикатори за внатрешните процеси,
• бизнис развој (развој на деловното работење),
• учинок и сл.

Агенда

  • Мерење и проблем при мерење на учинокот,
  • Индикатори за финансиски и нефинансиски учинок,
  • Квалитативни и квантитативни индикатори за учинок,
  • Индикатори за минати резултати и водечки индикатори за деловни активности,
  • Организациски нивоа на дефинирање на клучни индикатори на учинокот,
  • Индикатори за внатрешни деловни процеси.

Предавач

проф. Милош Јевтиќ

Вонреден професор на Факултетот за организациски науки во Белград. Неговите области на интерес се областите на организацискиот дизајн, системите за мерење на перформансите и организациската култура. Тој е акредитиран консултант за Hofstede и Human Synergetics за промена на организациската култура.

Неговата професионална биографија брои над 50 комерцијални проекти (развој на деловни планови, физибилити студии, организациско преструктуирање и сл.) кои ги водел или учествувал, како и повеќе обуки за различни целни групи. Досега има одржано обуки за повеќе од 1.000 вработени од различни компании (НИС,Телеком Србија, Енергопроект, Тигар гуми, Галеника, Комерцијална банка и многу други) и редовни академски курсеви за над 15.000 студенти.

Целна група на обуката се претставници на врвен менаџмент, менаџмент на средно ниво, како и вработени во секторите како што се план и анализа, контролинг, итн..

Сите учесници на обуката ќе добијат:
• работен материјал во електронска форма
• сертификат за учество

Детали за котизација

Котизацијата за еден учесник изнесува: 6.000 денари + ДДВ.

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526

e-mail: institut@koncept.com.mk

ДАТУМ: 21 декември, РОК ЗА ПРИЈАВА: 17 декември

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт