Back To Top

Комплетна подготвка на документација за аплицирање на ИПАРД 3, мерка 1, 3 и 7

ИПАРД 3 се однесува на:
Мерка 1: примарно земјоделство
Мерка 3: преработка
Мерка 7: диверзификација на мали бизниси
(туризам и сите останати дејности во населени места помали од 30.000 жители).
ЦЕЛИ НА ОБУКАТА
Обуката ќе се реализира со физичко присуство.
8-9 јуни 2023 година (четврток и петок)
10:00 – 15:30 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
ЦЕЛИ НА ОБУКАТА
ЦЕЛИ НА ОБУКАТА
Институт Концепт ве поканува на дводневна обука за подготвка на апликација за ИПАРД 3 програмта за мерките 1, 3 и 7 .
РСМакедонија  е лидер во регионот и пример за успешна реализација на ИПАРД1 и ИПАРД2 . 
Досега се искористени 98% на средствата од ИПАРД2 програмата со склучени 2369 договори,  поврат на средства за целиот ИПАРД 2 период  нема и во  регионот РСМпрва започнува со ИПАРД 3 програмата. 
Досегашнте реализации на проекти се во нови преработувачки капацитети, објекти за туризам,сточарски  фарми, нова  земјоделска механизација, системи за наводнување и диверзификацја, инвестиции во мали бизниси од рурални средини. Во изминатиот период се потпишани  2369 договори,  за кофинасирање .
Новиот програмски период со ИПАРД 3, започнува со 62% поголем буџет во споредба со ИПАРД 2 или вкупен буџет од 97 милиони евра доделени од ЕУ, што претставува 75% учество во вкупното кофинансирање и 25 % од учество од РСМ 31 милиони евра,вкупниот буџет изнесува 128 милиони евра. Очекувано учество на апликантите од сите мерки се предвидува да биде 82 милиони евра бидејќи сосптвеното учество може да биде од 50% до 25 % во зависност од мерката. 
Така предвидениот буџет за времетраење на ИПАРД 3 ќе изнесува вкупно 210 милиони евра.
 
ИПАРД 3 програмата предвдува авансна исплата до 50% од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот, кое ќе овозможи поефикасен пристап до финасии и поголема сигурност  за финансирање .
За отварување на успешна реализација на проектната апликација за ИПАРД 3 и подготвка на деловен план, потребно е да посетите обука од стручно лице кое има сертификат за тренер на тренери за ИПАРД Мерки 1, 3 и 7 .
Ве покануваме на дводневна обука да се стекнете со вештини за  вашата бизнис идеја да ја напишете во деловен план.
Учесниците на обуката ќе се стекнат со знаење за 
1.Потребна документација за аплицирање
2.Критериуми за аплицирање за мерките 1.3 и 7 
3.Пишување на деловен план 
4.Подготвка на буџет за деловниот план 
СОДРЖИНА
Активност /тема Матерјали
Пристигнување на учесниците на обуката
 
Вовед во програмата за обука и  претставување на предавачот и учесниците
 
Елекктронски фајл 285  страни
Прифатливи  инвестиции за  Мерка 1, Мерка 3 и Мерка 7 Упатство за корисници за Мерка 1 , 3 и 7
Критериуми за одобрување за инвестиции за ИПАРД 3 Упатство за корисници за Мерка 1 , 3 и 7
Пауза
Потребна документација за аплицирање за Мерка 1 Барање за аплицирање и Барање за исплата за Мерка 1
Потребна документација за аплицирање за Мерка 3 Барање за аплицирање и Барање за исплата за Мерка 3
Потребна документација за аплицирање за Мерка 7 Барање за аплицирање и Барање за исплата за Мерка 7
Подготвка на технички проект Документ технички проект
Кафе пауза
Прашања и дискусија Прашалник
 Ден 2
Вовед во деловен план за ИПАРД Документ Деловен план
Анализа во бизнис планот за основни и обртни средства кои ќе бидат кофинасирани од ИПАРД 3, Маркетинг анализи , Формирање на цена на чинење на производ или услуга , законски обврски Документ Деловен план
Пауза
Запознавање со буџет за деловен план Ексел формат на темплејт на буџет
Примери од преработувачки сектор, земјоделство , индустрија и туризам /Работа во групи
Презентација на деловен план од страна на учесници Работа во гупи , флип чарт
Прашања и одговори
Сертификати за учесници
 

Потребна документација за аплицирање на Мерка 1, Мерка 3 и Мерка 7 

Претставување на мерките од ИПАРД 3 програмата  објавени во  и достапните фондови.
2. ИПАРД мерки
•    11 код – Инвестиции во примарно производство
•    13 код – Инвестиции во преработка на прехрамбени производи
•    32 код – Инвестиции во  дејности, градежништво, индустрија, преработка и туризам, занаетчиство, домување на стари лица и други дејности
3. Потребна документација за ИПАРД апликација
4. Мерки за поддршка на технолошкиот развој и иновативноста
5. Деловен план за ИПАРД
6. Подготовка  на буџет за апликација за ИПАРД

ПРЕДАВАЧ:

инж. Mарија Крстева, сертифициран тренер за ИПАРД Фондови, акредитиран советник за специјалистички совети при АППРМ – Министерство за економија и сопственик на консултанска фирма за финансико – правен консалтинг.
Предавачот има 16 годишно работно искуство како советник во Светска Банка, Европска Банка за обнова и развој, Кредитирање на правни субјекти и пристап до финасии преку фондови. Предавачот е советник за бизнис планови за финасиски институции и советник за бизнис планови во НЛБ Тутунска Банка.
Предавачот е креатор и сопственик на развојна програма – идеја, бизнис и реализација наменета за старт-ап бизниси и воведување на нови дејности и производи во веќе постоечки претпријатија.
Искуството во проекти за ИПАРД, подготовка на апликации за ИПАРД, реализирани обуки за финасирање со ЕУ фондови, ќе ви биде пренесено и ќе можете да учествувате интерактивно на семинарот со прашања и дискусии за реални примери на проектите.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА: 
Оваа обука е за менаџери, управители, раководители на оддели на производство, советници консултанти кои ќе подготвуваат апликација за ИПАРД или ќе учествуваат во подготвувањето.

Детали за котизација

Редовна котизација за еден учесник:
9.000 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
8.000 ден. (плус 18% ДДВ)Во цената е вклучено:
•    работен материјал
•    сертификат за присуство
•    кафе и освежување
ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВЕН ЛИСТ
Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 6 јуни 2023 година.

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон:

2 3128 526

2 3128 525

070 272 207          

 e-mail: institut@koncept.com.mk
         www.koncept.com.mk

Почеток: 8 јуни 2023 година

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт