Back To Top

Минимални барања за безбедност и здравје при работа при рачно пренесување на товар и минимална барања при работа на бремени работнички,работнички кои неодамна се породиле или дојат

Online обука на платформа:

Цел на обуката

Во ера на автоматика и електроника, сеуште често се користи рачното пренесување на товар во технолошките процеси кај работодавачите. На обуката ќе се разгледат минималните барања за безбедност и здравје при работа при рачно пренесување на товар, упатстава за безбедна работа, нормативи, практична примена регулирани со Правилникот за безбедност и здравје при работа при рачно пренесување на товар.

За време на пандемијата бремените работнички се одлободени од работни обврски, но што потоа? Кои се минималните барања за безбедност и здравје при работа на бремени работнички, работнички кои неодамна се породиле или дојат, листа на опасности и штетности на нивните работни места, регулирани во Правилникот за миималните барања за безбедност и здравје при работа на бремени работнички, работнички кои неодамна се породиле или дојат.

 

 СОДРЖИНА  

1. Минимални барања за безбедност и здравје при работа при рачно пренесување на товар, упатстава за безбедна работа, нормативи, практична примена

2.Минимални барања за безбедност и здравје при работа на бремени работнички, работнички кои неодамна се породиле или дојат, листа на опасности и штетности на нивните работни места

3.Влијание на физичките, хемиските и биолошките штетности вра здравјето на бремените работнички, работничките кои неодамна се породиле или дојат (посебен осврт на влијанието на Ковид-19)

4. Практични примери на проценка на ризик на работни места на кои се вработуваат претежно жени ( посебен осврт на докторот-специјалист од областа на медицина на трудот кој учествува во тимот за проценка на ризик)

 

ПРЕДАВАЧИ  

Претставник од Сектор за безбедност и здравје при работа, Државен инспекторат за труд.


Доктор-специјалист од областа на медицина на трудот

Целна група на обуката се работодавачи, претставници на вработените за безбедност и здравје при работа, стручни лица за безбедност при работа, овластени правни субјекти за вршење стручни работи за безбедност при работа, синдикат и сите вработени лица, со посебен акцент на трипартидна соработка во деловните субјекти, се со единствена цел за унапредување на безбедноста и за здравјето при работа.

За сите учесници ќе биде обезбедено:

•    работен материјал во електронска форма;
•    сертификат за присуство и потврда за бодови.

Напомена: Секој учесник, кој е стручно лице, на крајот на обуката ќе добие потврда за стекнатите бодови за учество на обука за стручно усовршување. Останатите учесници ќе добијат сертификат за учество.

 

 

 

Детали за котизација

Котизацијата за еден учесник изнесува 4.500 денари, плус ДДВ.
За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 4.000 денари, плус ДДВ.

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526

e-mail: institut@koncept.com.mk

 

почеток на обуката 29.02.2021

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт