
Национална правна рамка за додатоци на исхрана и посебните видови храна, споредба на националното со европското законодавство и постапка на нивно одобрување
Обуката ќе се реализира со физичко присуство.
31 октомври 2023 година (вторник)
10:00 – 15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
ЦЕЛИ НА ОБУКАТА
Запознавање со националната правна рамка за додатоци на исхрана и посебните видови на храна, споредба на усогласеноста на националното со Европското законодавство и објаснување на постапката на нивно одобрување за пласирање на пазарот во државава и контрола на производите кои се пуштени во промет.
Препознавање нутритивните и здравствените тврдења доколку ги има на означувањето на додатоците во исхраната, да се направи разлика меќу едните и другите. Да се објасни правната рамка во Република Северна Македонија за нутритивни и здравствени тврдења и нејзина споредба со Европската легислатива. Да се разјаснат условите за користење на нутритивни и здравствени трдења како и процедурата на одобрување на здравствени тврдења согласно член 30-а од Законот за безбедност на храна.
СОДРЖИНА
- Обврска за одобрување на додатоци на исхрана
- Состав и означување на додатоци на исхрана
- Постапка за одобрување на додатоци на исхрана
- Годишен извештај за работењето на Агенцијата за храна и ветеринарство за 2020 година; 2021 и 2022 година за додатоци на исхрана
- Работата на Комисијата за посебени видови храна која беше составена од членови од следниве институции
- Храна за посебна нутритивна употреба
- Постапка за одобрување на храна за посебна нутритивна употреба
- Годишен извештај за работењето на Агенцијата за храна и ветеринарство за 2020 година; 2021 и 2022 година за храна за посебна нутритивна употреба
- Збогатена храна со витамини, минерали и одредени други супстанции
- Постапка за одобрување на збогатена храна со витамини, минерали и одредени други супстанции
- Годишен извештај за работењето на Агенцијата за храна и ветеринарство за 2020 година; 2021 и 2022 година за збогатена храна
- Задолжителни информации на храната
- Прописи – информации за потрошувачот доброволни информации
- Нутритивни и здравствени тврдења
- Европска легислатива
- Правна рамка во РСМ за нутритивни и здравствени тврдења
- Храна која е опфатена под оваа законска рамка
- Храна за која не се применува оваа законска рамка
- Употреба на нутритивни и здравствени тврдења
- Видови на здравствени тврдења
- Процедура на одобрување на здравствени тврдења
- Правилна употреба на тврдењата
Предлог измени на националните прописи во однос на нутритивните и здравствени тврдења
ПРЕДАВАЧИ:
Бошко Стојкоски
Соработник во одделение за додатоци на исхрана, храна за посебна нутритивна употреба, храна збогатена со витамини и минерали и адитиви;
Жанета Мијоска
Соработник во одделение за безбедност на храна од неживотинско потекло
то управување.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:
Обуката е наменета за сите заинтересирани кои се вклучени во производство и ставање во промет на додатоците на исхрана, посебните видови на храна како и нивното означување.
ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Редовна котизација за еден учесник:
5.500 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
5.000 ден. (плус 18% ДДВ)
Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 30 октомври 2023 година.
За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:
телефон: 2 3128 526, 2 3128 525, 070 272 207