Back To Top

Најновите предлог измени на Законот за трговските друштва

Обуката ќе се реализира со физичко присуство

Институт КОНЦЕПТ, Скопје

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА

Со учеството во оваа обука, на претставниците од деловниот сектор, компаниите во приватна и во државна сопственост, стопанските комори и слични здруженија,  ќе им биде овозможено да се стекнат со нови знаења, со тоа што во детали, прецизно и јасно ќе бидат запознаени со најновите предлог измени на Законот за трговските друштва, пред истите да стапат на сила и да почнат да се применуваат.

Ексклузивна и многу корисна е можноста за сите лица кои заземаат раководни позиции во компаниите, да присуствуваат на оваа професионална обука и да научат сè за принудниот откуп на акции од доминантниот акционер и правото за принудна продажба на акции од малцинските акционери. Се препорачува во оваа обука да се вклучат, правници, адвокати, финансиски експерти, ревизори, проценители и консултанти кои би биле ангажирани од засегнати компании или сопственици на акции и да ги знаат правата, обврските и одговорностите при принудниот откуп и продажба на акции што со овие законски измени за прв пат се воведуваат во нашиот правен систем.

Затоа, со цел детално да се разгледа едно од најважните прашања за функционирањето на акционерските друштва, од аспект на заокружување на сопственичката структура обукта ќе започне со разјаснување на правната природа на оваа постапка на ткн. “истиснување” и нејзината практична примена. Предавачите ќе ja објаснат суштината на принудното купување и на правото на принудната продажба на акции, регулацијата, постапката за нивно спроведување со развивање фер процеси на вреднување на цената на акциите и гарантиран рамноправен третман на акционерите.

Законското нормирање на холдингот, односно концернот и уредување на прашањата кои се однесуваат за неговото функционирање, а особено даночниот третман за овие субјекти, може значително да придонесе за поедноставување и подобрување на примената на постојните законски одредби со кои е регулиран начинот на функционирање на овие форми на поврзување меѓу капиталните трговски друштва, значително подобрување на деловните резултати кај овие субјекти, како и унапредување на нивното работење во земјата, што ќе обезбеди понатамошен економски раст и унапредување на економскиот систем.

Воедно, донесувањето на законот има за цел доследна примена на политиките за спречување корупција и судирот на интереси, преку обезбедување интегритет и транспарентност при спроведување на постапките за избор и отповикување членови на органот на управување и надзорниот одбор во акционерските друштва и друштвата со ограничена одговорност во целосна и во доминантна сопственост на државата, базирано на систем на вредности и критериуми за квалитет. Се предлага воспоставање мерит процедура при именување членови на управни и надзорни одбори во овие друштва, како и регулирање на постапка во случаи кога има повеќе кандидати за едно место. Се предлага оптимизирање на бројот на членови во надзорни и управни одбори и се воведуваат критериуми за вид на образование и компетенции при именување членови на управните и надзорните одбори.

 

СОДРЖИНА

Тема 1. Принуден откуп и продажба на акции

  • Вовед
  • Услов за принуден откуп
  • Утврдување и плаќање на цената при принуден откуп
  • Услуги на Централниот  депозитар на хартии од вредност во врска со одлука за принуден откуп
  • Депонирање паричен износ
  • Материјали за седница на собранието на акционери
  • Гласање на одлуката за принуден откуп
  • Ништовност и побивање на одлуката за принуденоткуп
  • Испитување на соодветноста на цената од страна на судот
  • Право на принудна продажба на акции
  • Услуги на Централниот  депозитар на хартии од вредност во врска со принудна продажба на акции
  • Исклучок во врска со цената на акцијата во случај на понуда за преземање
  • Право на принуден откуп и продажба ЗТД vis a vis ЗПАД
  • Примери од странска пракса

Тема 1.1  Закон за преземање на акционерски друштва – принуден откуп и продажба на акции

  • Вовед
  • Преземање на компанија
  • Целни друштва
  • Понуда за преземање – задолжителна и доброволна
  • Преземач
  • Проспект
  • Успешна понуда за презмање
  • Право на принуден откуп и продажба
  • Примери од домашна пракса

Тема 2. Холдинг и концерн – форми на поврзувања на трговските друштва

  • Договори меѓу друштвата
  • Видови Договори
  • Склучување, измена и престанок на договор
  • Обезбедување на друштвото и доверителите
  • Обезбедување на надворешните акционери
  • Овластувања и одговорност од договорот за водење на работите на друштвото
  • Одоговорност кога нема договор за водење на работите на друштвото

Тема 3. Постапка за избор и отповикување членови во органи на управување и надозрен одбор во акционерски друштва и друштва со ограничена одговорност во целосна и во доминантна сопственост на државата.

  • Оптимизирање на бројот на членови на органи на управување и надзорен одбор, врз основа на критериум класификација на трговец, како микро, мал, среден и голем
  • Надлежност на Владата, односно Советот на општината
  • Услови за избор и отповикување
  • Работно искуство за избор
  • Постапка за селекција и избор
  • Времетраење на мандат
  • Награда на членовите на органот на надзор

ПРЕДАВАЧИ:
м-р Весна Јовановска

помошник раководител на Сектор за меѓународна трговска соработка во Министерството за економија и раководител на Работната група за поглавје 6-Право на трговските друштва дел од процесот на претпристапните преговори за членство во Европската унија
Мате Стојановски
главен правен советник во Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА: 
Претставници на раководни позиции од акционерските друштва и други трговски друштва,   правници, адвокати, финансиски експерти, ревизори, консултанти, претставници на стопанските комори и останати здруженија со слична активност.

 

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Редовна котизација за прв учесник:
 5.500 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
5.000 ден. (плус 18% ДДВ).

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до 7 ноември 2023 година.

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон: 2 3128 526, 2 3128 525, 070 272 207          

e-mail: institut@koncept.com.mk
www.koncept.com.mk

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт