Back To Top

НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ

Online обука на платформа:
 
Бенефиции за вас и вашата организација:
•    Добро управуваните компании, генерално ги базираат своите оперативни планови на еден сет на плански финансиски извештаи, а секако почетно е финансиското планирање. Користењето на Excel ја забрзува и автоматизира изработката на финансиските планови. 
•    Овој тренинг објаснува напредни техники за финансиско планирање во Excel, со практични примери од бизнисот. Според мислењето на учесниците, по тренингот нивната работа се забрзала и до 10 пати!
•    Примерите кои се користат се исклучиво од пракса.
Клучни карактеристики на тренингот:
•    тренер кој не е човек од ИТ секторот, но со конкретно бизнис искуство (контрола и финансии)
•    работа на практични примери (финансии, продажба, трошоци)
•    фокусиран, интензивен тренинг во еден ден
•    напредни техники во Excel

СОДРЖИНА

На тренингот ќе се користат само бизнис примери од анализа на продажба, трошоци и финансии.
Ова е листата на некои од прашањата кои ќе се решат на тренингот:
•    Јас сум аналитичар на продажба или одговорен за финансиите:
-Како да ја предвидам продажбата во иднина?
-Како да создадам во Ексел Про-Форма финансиски извештаи?
-Како да создадам во Ексел табела со преглед на планираната продажба на компанијата?
-Како да ги форматирам показателите?
-Како да направам анализа на профитабилноста?
-Анализа на стапките на раст?
-Како се користи What-If анализа?

Треба да создадам Плански финансиски извештаи во ексел:
•    Како да користам Метод на Процент на продажба за подготовка на Про-Форма финансиски извештаи и како да се создадат такви извештаи во Ексел?
•    Употреба на TREND функцијата за предвидување на продажбата и други варијабли во Ексел.
•    Употреба на регресиона анализа во Ексел и користење на вградени регресиони алатки.
•    Користење на Тренд графикони во Ексел
•    Користење на Скатер графикони во Ексел

Како да ја анализирам продажбата и финансиските потреби на компанијата:
•    Како да ја предвидам и следам продажбата во Eксел?
•    Како да ги следам финансиските потреби во Eксел?

На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите за финансиско планирање во Excel:
•    Создавање на графикони и worksheet-ови
•    Форматирање на графикони
•    Data Analysis ToolPak
•    Linear Trend Extrapolation
•    Regression Analysis 
•    Scatter chart data
•    Пивот табели
•    What if анализа (data table, goal seek, scenarios, formula auditing).
•    Custom formatting
•    Shortcuts (кратенки)
•    Tips & tricks (трикови)

ПРЕДАВАЧ:


Проф.д-р Зоран Ивановски


Редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и на Економскиот факултет на Универзитетот во Валенсија, Шпанија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци.

ЦЕЛНА ГРУПА


За сите оние кои сакаат да го зголемат своето практично знаење за работа во Excel, како и за сите оние кои сакаат поефикасно да ги извршуваат своите задачи.


За сите учесници ќе биде обезбедено:
•    работен материјал во електронска форма;
•    сертификат за присуство.

Важна напомена: учесниците да имаат лап-топ компјутери со инсталиран Excel (по можност 2013)!

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата за еден учесник изнесува 4.000 денари, плус ДДВ.
За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 3.500 денари, плус ДДВ.

 

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт