
Ништовност и рушливост на договори и надомест на материјална и нематеријална штета од лекарски грешки и од сообраќајни незгоди



Цел на обуката Обуката се организира со цел за поподробно запознавање со Законот за облигационите односи, Законот за задолжително осигурување. Разликата помеѓу ништовноста и рушливоста на договорите, последиците од ништовноста и поништувањето на договорите. Подготвување на тужба, обезбедување на докази и судска пракса во постапките по тужба за ништовност и поништување на договорите, за надомест на штета од лекарски грешки и од сообраќајни незгоди.
СОДРЖИНА
Тема 1.Ништовност и рушливост на договори
Општо за неважноста на договорите: непостоечки, ништовни и рушливи договори; Ништовни договори и начин на нивното побивање пред суд; Рушливи договори и начин на нивното побивање пред суд;
Тема 2. Надомест на штети
Надомест на штета од лекарски грешки Утврдување на постоење на лекарска грешка Видови на штета при лекарска грешка Подготвување на тужба и докази за надомест на штета од лекарска грешка Надомест на материјална и нематеријална штета при сообраќајни незгоди Видови на штета од сообраќајни незгоди Утврдување на придонес за случување на незгодата подготвување на тужба и докази за надомест на штета од сообраќајна незгода.
ПРЕДАВАЧ
Судија Антоанета Димовска, Судија во Основниот суд Скопје 2, во одделот за имотни спорови. Судијата Димовска истовремено е и едукатор во Академијата за судии и обвинители.
ЦЕЛНА ГРУПА
Целна група на обуката се адвокати и адвокатски друштва, вработени во осигурителни компании, правници вработени во здравствени установи и сите други кои имаат интерес за оваа тема
ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Котизацијата за еден учесник изнесува 5.000 денари, плус ДДВ.
За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 4.500 денари, плус ДДВ.
Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до
Почеток: 07 јуни 2023 година