Back To Top

Новини во Закон за административни службеници и примена на Закон за вработени во јавен сектор

Обуката се организира со цел да се обработат специфичностите и новините кои следат согласно новите законски решенија на Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.

Обуката ќе ги опфати најзначајните аспекти и новини од двата закона, а се со цел да се олесни и помогне на присутните на обуката да можат навремено да се запознаат со обврските и задолженијата кои ги очекуваат со започнувањето на примената на новите законски решенија, поточно со Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, вклучувајќи ги и подзаконските акти кои произлегуваат од погоре споменатите закони.

Агенда

Сесија 1: Вработени и институции во јавен сектор и административни службеници 

  • Класификација на вработените во јавниот сектор и на административните службеници
  • Општи и посебни услови за вработување на административни службеници
  • Содржина и начин на подготовка на акти за внатрешна организација и систематизација на работни места и можноста за користење на алатката

Сесија 2: Управување со ефектот на административен службеник и негово стручно усовршување

  • Управувањето со ефектот на административните службеници како алатка за човечки ресурси
  • Постапка за оценување
  • Систем на бодување
  • Општо за стручно усовршување
  • Испит за административно управување

Сесија 3: Видови вработувања, постапки за вработување и за унапредување

  • Определено време и неполно работно време
  • Кабинетски службеници
  • Мобилност и трансфер листи
  • Постапка за вработување по пат на јавен оглас
  • Постапка за унапредување преку интерен оглас
  • Дискусија

Сесија 4: Дисциплинска и материјална одговорност на административен службеник

  • Запознавање со новините во постапките за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност и жалбената постапка

Семинарот е наменет за:

За претставници од сите институции кои ќе треба да ги применуваат одредбите и кои се опфатени со Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт