Back To Top

Обука од областа на БЗР

I. Обуки за вработени, стручни лица и претставници на вработените за безбедност и здравје при работа согласно 

Законот за безбедност и здравје при работа

II. Правилник за начинот  на изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина,

како и податоците врз кои треба да се заснова процената на ризик

(Обуката носи 10 бодови за стручно усовршување)

Обуката ќе се реализира со физичко присуство.
6 декември 2023 година (среда)
 10:00 – 15:00 часот
 Институт КОНЦЕПТ, Скопје

 

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА

Со оглед на важноста на обуките за вработени, стручни лица и претставници на вработените за безбедност и здравје при работа согласно законот за безбедност и здравје при работа и значењето на Правилникот за начинот  на изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина, како и податоците врз кои треба да се заснова процената на ризик Институт Концепт организира еднодневна обука.

СОДРЖИНА
1. обуки за вработени, стручни лица и претставници на вработените за безбедност и здравје при работа согласно законот за безбедност и здравје при работа
2. кој, каде и кога ги извршува обуките
3. Правилник за начинот  на изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина, како и податоците врз кои треба да се заснова процената на ризик
4. опасности, штетности, мерки и концепт на изјава                                                                                                                           
предавач: Грозданка Тилева, Помошник главен инспектор, Сектор за безбедност и здравје при работа, Државен инспекторат за труд.5. Практичен пример како се изготвува една проценка на ризик 
предавачБорче Стојчевски, Прориск, Скопје6. Практично искуство за спроведување на обуки во Ван Хол Македонија 

предавач: Сашо Николовски, стручно лице за БЗР, Ван Хол Македонија

7.Прашања и одговори

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:

Работодавачи, стручни лица за безбедност и здравје при работа, претставници на вработените за безбедност и здравје при работа лица одговорни за механизација во коп, како и претставници од: изведувачи на рударски активности, рудници со површински и рудници со подземен коп, каменоломи, градежни фирми, концесионери, независни правни тела кои вршат испитување на опремата, сервисери на опремата, овластени инспекциски тела и слично.

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Редовна котизација за еден учесник:
5.500 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
5.000 ден. (плус 18% ДДВ)

Напомена: Секој учесник, кој е стручно лице, на крајот на обуката ќе добие потврда за стекнати 10 бодови за учество на обука за стручно усовршување. Останатите учесници ќе добијат сертификат за учество.

  Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 5 декември 2023 година

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт