
Обука за канцелариско и архивско работење
ЗАКОНСКИ ПРЕДВИДЕН РОК ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПЛАН И ЛИСТА НА АРХИВСКИ ЗНАЦИ СО НИВНИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ И НЕГОВО ПОДНЕСУВАЊЕ ДО ДРЖАВЕН АРХИВ ЗА ТЕКОВНА 2023, ОДБИРАЊЕ НА АРХИВСКИ ОД ДОКУМЕНТАРЕН МАТЕРИЈАЛ И НЕГОВА ЕВИДЕНЦИЈА
(Најчести грешки, законски рокови, обврски за навремено поднесување извештаи за одбирање, евидентирање на архивскиот материјал и уништување на документарниот материјал)



Цел на обуката
Важноста на управувањето со документите се наметнува во работата на државните и другите институции и компании. Пренатрупаноста од документи кои најчесто не се добро или не се воопшто обработени налага барање на адекватно решение.
Заштитата на архивскиот материјал е приоритетна и трајна задача на една држава и општествена заедница. Архивскиот материјал претставува неодминливо и трајно сведоштво за генезата и историскиот развиток на македонската нација и македонскиот јазик и за севкупниот државно-правен, политички, општествено-економски и културен развиток на Република Македонија.
Законска обврска е на државните органи, претпријатијата и другите правни лица да извршуваат голем број должности од областа на канцелариското и архивското работење.
СОДРЖИНА
Тема 1. Законски и подзаконски акти за канцелариското и архивското работење
- Основни разлики помеѓу јавен и приватен архивски и документарен материјал
- Основни поими: архивски материјал, документарен материјал, документарен материјал, документ/запис, конвенционалени неконвенционален архивски и документарен материјалимател на архивски материјал
- Надзор врз работењето на имателите на архивски и документарен материјал
Тема 2.Канцелариско работење
- Овластување кое треба да го поседува функционерот
- Овластување за прием, прегледување и распоредување
- Овластување за ракување со печати и штембили
- Штембили и печати на еден орган -приемен, роковен печат и др, евиденција на печати
- Вежби-пополнување на обрасци
Тема 3. Основни техники на канцелариското работење
- Основна книга за евиденција – деловодник
- Помошни книги за евиденција (попис на документи, регистар, интерна доставна книга, книга за препорачана пошта и книга за место)
- План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал со рокови за негово чување
- Вежби-пополнување на обрасци
Тема 4. Книги за евиденција
- Деловодник
- Попис на акти
- Уписници
- Интерна книга
- Книга за место
- Книга за пошта
- Начин на заведување
- Пренос
- Поврзување
- Исправка на погрешно напишан текст
- Заклучување
Тема 5. Архивско работење
- Архивирање, средување и обработка на документите, одбирање на архивскиот од документарниот материјал,
- Попис и опис на архивскиот материјал, заштита и чување на архивскиот Надзор врз работењето на имателите на архивски и документарен материјал
- Чување,заштита и користење на архивскиот и документарниот материјал во мирновременска, воена и вонредна состојба
Тема 6. E-АРХИВА
- електронки архивски и документарен материјал
- чување
- заштита
- достапност
- користење
- предавање во Државниот архив
- електронска архива и е-деловодник
- софтвер
- дигитално потпишување
- принцип на архивирање
ПРЕДАВАЧИ
Борис Најдовски Долгогодишен виш инспектор во Државен управен инспекторат и долгогодишен предавач на теми од областа на архивското работење.
Диме Јуруков Поранешен заменик директор на Државниот архив на Македонија и долгогодишен предавач на теми од областа на архивското работење.
Експерт Претставник од Македонски бизнис системи, за е-архива.
Целна група На обуката се сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на канцелариското и архивското работење и да го усогласат своето работење со важечките законски прописи.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
• работен материјал во електронска форма;
• сертификат за присуство.
Детали за котизација
|
|
За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:
телефон: 070 272 207, 2 3128 526, 2 3128 525
Почеток: 22 јуни 2023 година