Back To Top

Готовинско благајничко работење, попис на средствата, побарувањата и обврските, амортизација и ревалоризација

ГОТОВИНСКО БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ,
ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ЗА БЛАГАЈНА НА МАТЕРИЈАЛНИ И
ПАТНИ ТРОШОЦИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА И ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА,ПОПИС НА СРЕДСТВАТА, ПОБАРУВАЊАТА И ОБВРСКИТЕ, АМОРТИЗАЦИЈА И РЕВАЛОРИЗАЦИЈА
КАЈ ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА, БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ И НЕПРОФИТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Обуката ќе се реализира со физичко присуство.

21 декември 2023 година (четврток)
10:00 – 15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Целта на обуката е стекнување на теоретски и практични знаења за правилната примена на законската и даночната регулатива која го уредува готовинското денарско и девизно благајничко работење и евиденција – уплата на дневниот промет (малопродажба).

Со синергија на законската регулатива која го уредува благајничкото работење, даночната регулатива и пренесувањето на искуството од практицирање на дадената проблематика во изминатите 20 години на сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби од оваа област, а ризикот од изречување глоби при инспекциски надзори и трпење прекршочни санкции ќе го сведат на минимум.
На обуката низ практични примери ќе биде објаснета методологијата за пресметка и исплата на дневници за службени патувања во земјата и странство и управување со која законски оформена документација се врши исплата/уплата на готовински пари, сметки за материјални трошоци како и значењето на одлуката за благајнички максимум.

Исплатата на издатоците (трошоци) при службено патување и влијанието на истите (процентуално) на пресметката на дневниците и исплатата на издатоците и дневниците над утврдените лимити согласно законската и даночата регулатива.

Детално запознавање до новините во благајничкото работење особено во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари согласно Законот за платежни услуги и платни системи.
Правилна примена на одредбите од Законотот за спречување перење пари и финансирање тероризам кои се однесуваат на плаќањата во готовина.

Пописот на средствата и обврските не е само законска обврска, туку неопходна потреба за усогласување на сметководствената евиденција и состојба со фактичката состојба утврдена со пописот.

СОДРЖИНА

Тема 1:
1. Благајничко работење
•    Плаќања со готовина и плаќања со пресметка согласно одредбите од Законот за платежни услуги и платни системи
•    Одлука за благајнички максимум, утврдување на лимит, салдо во благајна заклучно со 31-ви Декември и задолжителна обврска за осигурување;
•    Задолжителна евиденција на настаните во денарска благајна за материјални и патни трошоци:
–    прием на готовински пари во благајна – каса прими;
–    исплата на готовински  пари од благајна – каса исплати;
–    законски оформена документација врз основа на која се врши исплата на материјални и патни трошоци;
•    Блокирана платежна сметка
•    Малопродажба:
–    водење на книга за евиденција за промет на мало;
–    дневен пазар согласно дневниот извештај од фискална каса;
–    резервен фискален апарат;
–    докуметација врз основа на која се прави прием на готовински пари од дневен промет;
–    уплата на дневен пазар односно во кој законски рок готовинскиот дневен промет се уплатува на  трансакциска сметка во деловните банки;
•    Девизна благајна:
–    откуп и подигање на девизни средства за патни трошоци;
–    трошоци во девизи и методологија за евидентирање во денари;
–    прием и исплата на готови девизи;
–    салдо во девизна благајна заклучно со 31-ви Декември.

2.Обврска за изготвување на извештаи и сметководствена евиденција
•    Благајнички извештај за материјални и патни трошоци;
•    Благајнички извештај за дневен промет- малопродажба;
•    Девизен благајнички извештај – двојна евиденција во девизи и во денарска противвредност.

3. Надоместок на дневници согласно регулативата во РСМ Уредба за службено патување и селидби во странство;
•    Решение и налог за службено патување;
•    Патен налог за службено патување во меѓународен транспорт;
•    Издатоци за сместување, исхрана, превоз и друго за  службени патувања во странство согласно законска регулатива;
•    Влијанието на издатоците за сместување и исхрана на дневниците за службени патување;
•    Трошоци за службени патувања во меѓународен транспорт;
•    Утврдување на бројот и висината на дневниците;
•    Пресметка на трошоците искажани во странска валута;
•    Дневници за службени патувања во земјата;
–    утврдување на висината на дневниците за службени патувања во земјата;
–    пресметка на дневници (низ практични примери);
–    приложување на задолжителна документација како доказ дека службеното патување е во функција на дејноста;
–    патен налог, извештај;
•    Право на дневници за службени патувања во странство;
–    утврдување на висината на дневниците за службени патувања во странство;
–    пресметка на дневници (практични примери);
–    задолжителна документација како доказ дека службеното патување е во функција на дејноста;
–    патен налог и извештај за патувањето;

4.Исплатите на име матерјални и патни трошоци сметководствен и даночен третман согласно стандардите, ЗРО, Персоналниот данок од доход и Данокот на добивка

5. Примена на одредбите од Законот за спречување и перење пари и финансирање тероризам кои се однесуваат на плаќања во готовина

Тема: 2

  • Попис на средствата, побарувањата и обврските кај трговските друштва, буџетските корисници и непрофитните организации
  • Законска регулатива, поодделно за трговските друштва, буџетските корисници и непрофитните организации;
  • Фази на спроведување на пописот;
  • Чија е одговорноста за целосно и навремено спроведување на пописот;
  • Формирање на комисии за попис и кој може да биде член на комисиите (поодделно за трговските друштва, буџетските корисници и непрофитните организации);
  • Дефинирање на рокови за започнување и завршување на пописот;
  • Обврски на членовите за попис;
  • Физичко броење и мерење на постојаните средства и залихите;
  • Попис на побарувањата и обврските;
  • Пополнување на пописни листи и изготвување на Извештај;
  • Усогласување на фактичката со сметководствената состојба преку примери;
  • Изготвување на Одлука за усогласување на фактичката со сметководствената состојба;
  • Примена на сметководствени политики и начела при усогласување поодделно за трговските друштва, буџетските корисници и непрофитните организации, преку практични  примери.

Тема:3

  • Законска регулатива, поодделно за трговските друштва, буџетските корисници и непрофитните организации;
  • Дефиниции (амортизирачки износ, метод на амортизација, корисен век на употреба)
  • Основица за пресметка на амортизација;
  • Сметководствени принципи и начела за пресметка на амортизација поодделно за трговските друштва, буџетските корисници и непрофитните организации);
  • Пресметка на ревалоризација.

ПРЕДАВАЧ:
М-р Ленче Папазовска е професионалец со 40 годишно искуство во сметководство, финансии и деловно право. Со повеќе од 20 години искуство како предавач од областа на сметководството и финансиското работење. Има објавено голем број свои трудови. Посветена е на развојот на сметководствената професија во Македонија и значајна е нејзината препознатливост во регионот и пошироко во Европа.

Таа е активна повеќе од петнаесет години во работата на Сојузот на сметководители на Македонија како претседател на извршниот одбор како и претседател на Собранието. Во 2016 година е именувана за претседател на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија. Магистрирала на катедрата на Правниот факултет на Американскиот колеџ на тема Влијанието на стандардите на МСФИ врз корпоративното управување.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА: 

вработени во финансиски сектор, сметководство, благајна и лица вклучени во попис.

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Редовна котизација за еден учесник: 5.500 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија: 5.000 ден. (плус 18% ДДВ)

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт