
Обука за офицер за заштита на личните податоци



Цел на обуката
Концептот на заштита на личните податоци е значајно изменет во последните неколку години, особено со носењето на General Data Protection Regulation (GDPR) но и со новиот Закон за заштита на личните податоци кој е донесен во февруари 2020 година. Субјектите на личните податоци имаат се повеќе права за нивна заштита, што ја става контролата над личните податоци во нивни раце. Од друга страна, конролорите кои ги обработуваат личните податоци имаат се повеќе обврски за да обезбедат соодветен степен на заштита на тие лични податоци.
Процесот на усогласување со новиот Закон за заштита на личните податоци контролорите го наоѓаат за комплексен и исполнет со бројни предизвици. Дел од предизвиците се поврзани со разбирањето на новите обврски кои произлегуваат од законот, но голем дел се поврзани и со ресурсите кои компаниите треба да ги посветат токму на овој процес но и на одржливоста на системот за заштита на личните податоци. Висината на казните за наусоглаеноста изнесува од 2 до 4 проценти од годишниот приход што е дополнителна причина за навремено да се отпочне и посветено да се заокружи усоглсаувањето.
СОДРЖИНА
• Улога, задачи, предизвици на Офицерот за заштита на личните податоци
• Од каде да се почне? (кои се првите задачи на ОЗЛП?)
• Политика за приватност – основа на се’
• Интегрирање на улогата на Офицерот во работните процеси
• Улогата на Офицерот во спроведувањето на анализа на ризик
• Планови за вршење на внатрешни контроли
• Воспоставување на близок однос и комуникација со обработувачите
ПРЕДАВАЧ
За сите учесници ќе биде обезбедено:
• работен материјал во електронска форма;
• За завршената обука ќе добиете Сертификат за стекнати знаења и вештини по однос на практиките и прописите за заштита на личните податоци, согласно со одредбите од овој закон (член 41).
ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Котизацијата за еден учесник изнесува 4.000 денари, плус ДДВ.
За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 3.000 денари, плус ДДВ.
Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до 30 мај 2023 година.
За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:
телефон:
2 3128 526
2 3128 525
070 272 207
e-mail: institut@koncept.com.mk
www.koncept.com.mk
Почеток: 30 мај 2023 година