Back To Top

Обврски на ЕЛС при имплементација на законот за енергетика и правилникот за енергетски карактеристики на зградите

Почнувајќи од 1 јануари 2014 година стапи на сила Правилник за енергетски карактеристики на згради, чијашто примена е задолжителна при градба на нови и значителна реконструкција на постоечки згради. Правилникот е подзаконски акт неопходен за спроведување на членовите во Законот за енергетика и Законот за градба, кои се однесуваат на заштеда на енергија.

Целта на обуката е стручно и детално запознавање на учесниците со елементите од Правилникот. За поуспешно разбирање на барањата и критериумите, во програмата на обуката ќе бидат обработени и основите на градежна физика, заедно со примери за енергетска санација на постоечки згради, што истовремено ќе помогне и при подготовка на општинските тригодишни Програми за енергетска ефикасност.

Енергетската ефикасност на згради е мултидисциплинарна област во која се вклучени експерти од повеќе дисциплини (урбанизам, проектирање, градежна физика, машинство, електрика, екологија). Но, “бекграундот“ за добри или лоши енергетски карактеристики на зградите, пред сè, лежи во самата зграда и изолациските својства на нејзините градежни конструкции и компоненти, коишто ја одредуваат енергетската класа (“енергетски пасош“) на зградите. Токму на овој момент ќе биде фокусирано вниманието на учесниците на обуката.

Агенда:

  • Законска и подзаконска регулатива во Република Македонија и ЕУ директиви и стандарди
  • Правилник за енергетски карактеристики на згради
  • Основи на градежна физика
  • Барања во Правилникот по однос на градежните конструкции и зградата во целина
  • Композитни системи за надворешна топлинска изолација – КСиНТИ
  • Примери на енергетска санација на постоечки згради
  • Добри практики при проектирање и изведба на енергетски ефикасни згради

Обуката е наменета за:

Архитекти и градежни инженери, вработени во општинските служби задолжени за градежни објекти од високоградба, како и сите останати стручни лица заинтересирани за оваа материја.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт