Back To Top

Обврски на носителите на дозволи закористење и испуштање во води согласно издадените решенија и обврските од законот за водите

 (Обука за подготовка на извештаи, мерења и други обврски согласно Дозволата)

Обуката ќе се реализира со физичко присуство.
28  јуни 2023 година (среда)
9:00 – 13:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА
Заради остварување на јавниот интерес при користењето на водите, како и заради остварувањето на правата и обврските на правните и на физичките лица да користат или испуштаат води, правото на користење на водите од водните тела и правото на испуштање во водните тела, се доделува водно право на правните и на физичките лица под услови и на начин утврдени со Законот за води.

Од тука, носител на водно право може да биде секое домашно или странско правно или физичко лице, вклучувајќи ги и органите на државната власт и општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, под услови и на начин утврдени со Законот за води.

Водното право му обезбедува на носителот право на непречено и целосно да ја користи и да располага со водата врз која што стекнал водно право, или да ја испушта доколку тоа не е спротивно со закон, каде при тоа со стекнување на водното право, носителот на водното правно не се стекнува со право на сопственост или друго стварно право врз земјиштето на коешто се наоѓа водата.

Правното или физичкото лице се стекнува со водно право врз основа на дозвола за користење на водата и дозвола за испуштање во вода.

Кој се обврски од дозволите:

  • Согласно техничката документација да го изгради зфатниот/испсуниот објект;
  • Режимот за користење/испуштање  да се врши во согласност со доставената документација и да се врши на начин што ќе ги задоволува првенствено потребите за зафаќање односно испуштање;
  • Загубите во  системот да ги сведе на минимум, како и да ги превземе сите потребни мерки за тоа;
  • Да  врши континуирано одржување на зафатниот објект со придружните објекти согласно планот за редовно одржување на објектите;
  • Да обезбеди максималните количини на вода  да не да ги надминат дозволените количини за црпење односно за испуштање;
  • Да врши континуирано мерење на количеството на вода што се црпи односно на водата која се испушта  и да се води уредна евиденција на дневна основа од мерењата и истите да се доставуваат до органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина;
  • Редовно да ја следи состојбата на квалитетот на зафатената вода односно испуштената и податоците од извршените мерења да се доставуваат до органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, органот надлежен за безбедност на храна и органот надлежен за здраствена заштита;
  • Носителот на дозволата е должен еднаш месечно да го уплати надоместокот ка користење односно испштање и  квартално да доставува Извештај за уплати до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во таа насока, а со цел исполнубвање на обврските од Дозволите за користење на вода и испуштање во води каде носители на водно право се правните и физичките лица, Институт КОНЦЕПТ организира еднодневна обука на тема – Обука за подготовка на извештаии, мерења и други обврски согласно Дозволата.

 

СОДРЖИНА
Дејности и активности за кои е потребна дозвола : 
1) зафаќање, црпење, пренасочување, акумулирање и користење на водата од површинското водно тело заради: 
– снабдување со вода наменета за консумирање од страна на човекот
– наводнување на земјоделско земјиште
– индустриски, технолошки и стопански потреби
– полнење на водата во шишиња за комерцијални потреби
– производство на електрична енергија и други погонски потреби
– одгледување риби, водни птици итн.
– туризам, спорт, рекреација, капење и други слични намени
– одводнување на земјиштето
– миење и сепарирање на песок, чакал и камен
– одржување на водотеци со употреба на хемиски материи и супстанции и 
– други активности за коишто органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина ќе оцени дека влијаат врз режимот на водите и/или врз морфологијата на водното тело; 2) црпење, пренасочување, акумулирање или користење на водата од подземното водно тело заради: 
– снабдување со вода наменета за консумирање од страна на човекот
– наводнување на земјоделско земјиште
– индустриски, технолошки и стопански потреби
– полнење на водата во шишиња за комерцијални потреби
– апсорпција на топлинска енергија од геотермални води
– хидрогеолошки истражувања и собирање податоци и 
– други активности за коишто органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина ќе оцени дека влијаат врз режимот на водите и/или врз морфологијата на водното тело; 3) испуштање во води и испуштање и фрлање на материи и супстанции во површинските води. 

ПРЕДАВАЧ:
Љупка Димоска Зајков
Помошник Раководител на сектор за води во Управата за животна средина/Министерството за животна средина и просторно планирање

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Редовна котизација за еден учесник:
5.000 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
4.500 ден. (плус 18% ДДВ)Во цената е вклучено:
•    работен материјал
•    сертификат за присуство
•    кафе и освежување
Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 8 јуни 2023 година.

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон:

2 3128 526

2 3128 525

            070 272 207          

 e-mail: institut@koncept.com.mk

Почеток: 28 јуни 2023 година

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт