Back To Top

Обврски од Законот за здравствената заштита

кои се однесуваат на здравствените установи и здравствените работници и соработници

Со Законот за здравствената заштита, кој е во сила од 6 април 2012 година, се уредуваат прашањата кои се однесуваат на системот и организацијата на здравствената заштита и вршењето на здравствената дејност, загарантираните права и утврдените потреби и интереси на државата во обезбедувањето на здравствената заштита, здравствените установи, вработувањето, правата и должностите, одговорноста, евалуацијата, престанокот на вработувањето, заштитата и одлучувањето за правата и обврските на здравствените работници и здравствените соработници, квалитетот и сигурноста во здравствената дејност, коморите и стручните здруженија, рекламирањето и огласувањето на здравствената дејност, вршењето на здравствена дејност во вонредни услови и надзорот над вршењето на здравствената дејност.

Цел на обуката: Да се запознаете со обврските кои произлегуваат од одредбите од Законот за здравствената заштита кои се однесуваат на Вашето секојдневно работење а поврзано со правниот сујект- приватните здравствени установи и здравствените работници и соработници вработени во нив, преку систематизиран преглед при што обврските ќе бидат претставени на интегрален и пристапен начин (сите обврски на едно место).

Во систематизираниот преглед ќе бидат содржани одредбите од Законот за здравствената заштита во кои се определени обврски за приватните здравствени установи и здравствените работници и соработници, особено на обврските кои доколку не се почитуваат имаат карактер на прекршочни одредби, за кои соодветно се утврдени глоби за установите и за одговорните лица во установите, како и за здравствените работници и соработници.

Агенда:

За време на обуката, а следејќи ја целината на одредбите на Законот за здравствената заштита и другите позитивни прописи од областа на здравството, особено ќе бидат опфатени темите кои се однесуваат на:

  • Обврски кои произлегуваат од работата на приватните здравствени установи во мрежата на здравствени установи односно надвоер од мрежа
  • Рекламирањето, информирањето на јавноста за вршењето на здравствената дејност
  • Обележувањето на објектот во кој се врши здравствена дејност
  • Воведувањето нова здравствена технологија и опрема во укажувањето на здравствената заштита
  • Обврските кои особено се однесуваат на здравствените работници со високо образование (доктори, фармацевти), здравствените работници со средно, вишо и високо стручно образование (техничари) и здравствените соработници со високо образование, со посебна акцент на обврските за здравствените работници по однос на лиценците за работа и стручното усовршување
  • Организацијата на работа и соработка на здравствените установи на различни нивоа на здравствена заштита
  • Условите за основање и почнување со работа, за вршење здравствена дејност, за проширување на дејноста и за престанокот со работа
  • Должноста за непрекинато вршење на здравствена дејност и должноста за укажување на континуирана медицинска помош во текот на 24 часа
  • Вршењето здравствена дејност на пациенти кои здравствените услуги ги плаќаат со лични средства
  • Вршењето на дополнителна дејност и давањето консултантски услуги
  • Начинот на внатрешно следење и унапредување на квалитетот на здравствената заштита и внатрешниот надзор над стручната работа на здравствените работници и соработници
  • Преглед на прекршоците според висината на глобите (по групи на прекршоци) за установите и за одговорните лица во установите, како и за здравствените работници и соработници.

Обуката е наменета за:

Приватните здравствени установи, и тоа за управителите, извршните директори, правниците и др.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт