Back To Top

ОЦЕНКА НА СИСТЕМОТ НА ИНТЕРНИ КОНТРОЛИ

Online обука на платформа:
Цел на обуката
Често пати во секојдневниот живот се спомнуваат терминот систем и интерни контроли. Но дали кога зборуваме за систем имаме претстава од што е составен и кои се клучните елементи? Велиме системот не функционира; на што се должи тоа? Која е причината?Секој систем има свои цели. Постигнувањето на тие цели е значајно за секој систем.

Дефиницијата на системот е збир на правила, распоред на нештата или група сродни работи кои работат кон заедничка цел… Пример за систем е начинот на кој некој го организира својот плакар… Пример за систем се сите органи кои работат заедно за варење…Пример за систем е државната администрација која работи за задоволување на јавните интереси на граѓаните…Пример за систем е јавното здравство кое има за цел обезбедување на здравствена заштита на граѓаните…Но има ли или треба ли да има контрола за да се избегне ризикот од неисполнување на целта…

Стандардот за внатрешна ревизија “2130 – Контрола“ предвидува дека  “активноста на внатрешната ревизија мора да помага на организацијата во одржувањето на ефективни контроли преку проценка на нивната ефективност и ефикасност и преку промоција за постојано подобрување“.  Активноста на внатрешната ревизија мора да ја процени соодветноста и ефикасноста на контролите за да одговори на ризиците во рамки на управувањето, работењето на организацијата и информационите системи во однос на:
—    Веродостојноста и интегритетот на финансиските и оперативните информации;
—    Ефективноста и ефикасноста во работењето;
—    Заштитата на средствата; и
—    Усогласеноста со законите, регулативите и договорите.

СОДРЖИНА

1.Што е систем и елементи на системот

2.Меѓународни стандарди

  • Внатрешна ревизија (2130), и
  • Интерни контроли  (COSO)

3.Системска ревизија (поим и фази)
4.Хиерархија на контролите во еден систем
5.Интерни/внатрешни контроли (видео)
6.Цели и карактеристики на интерните контроли

  • Четири категории на контроли
  • Видови на контроли
  • Контролни цели за финансиски систем
  • Примери за примената на контролите (плати, нарачки)
  • Вежба 1 – Комплетност и валидност

    7. Чекори во оценка на контролите во некој систем
    8. Методи за оценка на интерните контроли

    • Ревизорски техники за оценка на системот
    • Прашалници и контролни листи
    • Корелација – оценка на систем-детално тестирање
    • Ревизорски техники за детално тестирање
    • Вежба 2 –  подготвување на прашања/прашалник
    • Предности и слабости на прашалниците

    9.Заклучоци и препораки од спроведените ревизорски постапки

    • Идентификување на слабости на системот
    • Наоди и рангирање
    • Категории за оценување и матрица
    • Документирање на активностите
    • Корелација помеѓу оценка на системот и избор на примерок

    10.Прашања и одговори

ПРЕДАВАЧ:

м-р Наташа Мисовска

м-р Наташа Мисовска, ОДР, советник на Главниот ревизор за ИПА за методологија и развој на ревизијата во Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош на ЕУ во РМ, овластен државен ревизор со 30 години работно искуство од кои 20 години во државната ревизија и ревизија на ИПА. Предавач/ментор на Проектот за стекнување на меѓународен сертификат на внатрешните ревизори од јавниот сектор од CIPFA и други обуки од областа на ревизијата и финансиски менаџмент.

ЦЕЛНА ГРУПА

За внатрешни ревизори, раководители, вработени во финансии во трговските друштва и јавниот сектор.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
•    работен материјал во електронска форма;
•    сертификат за присуство

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата за еден учесник изнесува 4.000 денари, плус ДДВ.

 

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт