Back To Top

ОЦЕНКА НА СИСТЕМОТ НА ИНТЕРНИ КОНТРОЛИ

Online обука на платформа:

Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Цел на обуката

Стандардот за внатрешна ревизија  “2130 – Контрола“ предвидува дека “активноста на внатрешната ревизија мора да помага на организацијата во одржувањето на ефективни контроли преку проценка на нивната ефективност и ефикасност и преку промоција за постојано подобрување“. Активноста на внатрешната ревизија мора да ја процени соодветноста и ефикасноста на контролите за да одговори на ризиците во рамки на управувањето, работењето на организацијата и информационите системи во однос на:

  • Веродостојноста и интегритетот на финансиските и оперативните информации;
  • Ефективноста и ефикасноста во работењето;
  • Заштитата на средствата; и
  • Усогласеноста со законите, регулативите и договорите.
Оценка на системот е една од фазите на системски базираните ревизии (СБР). СБР може да се применува во ревизија на финансиски или нефинансиски систем, но целта на ревизорот во обата случаи е да побара уверување дека системот е ефективно и ефикасно контролиран и истиот функционира. Ревизорите обично не ги прегледуваат сите информации кои им стојат на располагање за да го формираат своето мислење. Tоа е непрактично поради тоа што трошокот за проверка на 100% трансакции е висок и одзема многу времe. Оценката на системот ни кажува каде да го насочиме деталното тестирање. На тој начин преку оценување на слабите страни на системот, ревизорот станува поефикасен и додава дополнителна вредност на својата организација.
СОДРЖИНА
  
1 дел
 Меѓународен стандарди за внатрешна ревизија- 2130 – Контрола
1.    Цели и карактеристики на интерните контроли
2.    Видови на интерна контрола
3.    Контролни цели во финансиски систем
4.    Примери и вежби
2 дел
Чекори во оценка на контролите во некој систем
1.    Методи за оценка на интерните контроли
Прашалници и контролни листи
(Вежба за подготвување на прашања)
Презентирање на резулатати од вежба
2.    Идентификување на слабости на системот
3.    Пишување заклучоци и матрица за оценка на системот
4.    Избор на примерок и оценка на системот
5.    Прашања и одговори
Предавачи

м-р Наташа Мисовска
м-р Наташа Мисовска, ОДР, советник на Главниот ревизор за ИПА за методологија и развој на ревизијата во Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош на ЕУ во РМ, овластен државен ревизор со 30 години работно искуство од кои 20 години во државната ревизија и ревизија на ИПА. Предавач/ментор на Проектот за стекнување на меѓународен сертификат на внатрешните ревизори од јавниот сектор од CIPFA и други обуки од областа на ревизијата и финансиски менаџмент.

Целна група
За внатрешните ревизори во трговските друштва и јавните институции.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
•    работен материјал во електронска форма;
•    сертификат за присуство

Детали за котизација

Котизацијата за еден учесник изнесува 4.000 денари, плус ДДВ.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт