Back To Top

Online обука: Видео маркетинг

Платформа:

Цел на обука

Во современи услови, видеото стана задолжителен дел на сontent маркетингот, односно на стратешкиот маркетинг пристап фокусиран на креирање и дистрибуција на релевантна и конзистентна содржина која има вредност. Видот на содржината на сите платформи е исклучително важна, а на деловните субјекти им е потребна стратегија за видео маркетинг, бидејќи само квалитетниот пристап кон изработка и промоција на видеа може да гарантира успех.

Видеото стана највреден вид на содржина за досег (reach) на вашите кампањи и активности, особено на друштвените мрежи, каде што апсолутно доминира. Зошто е ова важно? Доколку не создавате видео содржини, веројатно заостанувате зад конкуренцијата.

Денес, видео продукцијата е поедноставна и поекономична од било кога – користејќи го вашиот smart телефон, можете да снимите висококвалитетен 4К видео запис. Но, и покрај ова, изборот на соодветна опрема, камера, фотоапарат, осветлување, софтвер за уредување, при изработката на видеа, се’ уште може да изгледа прилично комплексно. Тоа е и целта на оваа обука, да научите се’ што треба да знаете за изработка на видеа, стратегија за видео маркетинг и примена на Вашите маркетинг активности.

 

 

  АГЕНДА  
1. ВИДЕОТО КАКО ДЕЛ ОД МАРКЕТИНГ СОДРЖИНИТЕ 
– Content маркетинг
– Buyer personas
– Животен циклус на содржините
– Видови и типови содржини
– Видеото како интегрален дел на содржинската стратегија
2. ИЗРАБОТКА НА ВИДЕО
• Pre-production
– Истражување
– Сценарио
– Логистика
• Снимање
– Основни поставки
– Осветлување
– Начин на снимање на видеото
– Снимање звук
• Post-production
– Складирање на записи
– Уредување и прилагодување
– Анимации
– Титлување, уредување, режење3. ПРОМОЦИЈА И МЕРЕЊЕ НА УСПЕШНОСТ
– Канали на дистрибуција на видео
– Огласување
– Социјални мрежи
– Аналитички алатки
– Оптимизација на резултати

ПРЕДАВАЧИ  
Мирко Цзукор

Мирко Цзукор работи на видео од својата најрана возраст, а професионално се занимава со тоа во последните четири години. Работел во областа на маркетингот и денес управува со своја аудио-визуелна агенција „Smoking Stereo Films“, каде што се фокусира на видео записи. Во својата кариера, тој продуцираше стотици видеа за клиенти од различни индустрии, а исто така има снимено и свој филм. Тој поседува долгогодишно знаење во областа на изработка на видеа, монтажа и производство – како и во маркетинг. Тој користи различни тактики за снимање за своите клиенти и заедно со нив го дизајнира целиот концепт на пристап до пазарот и употребливоста на видео материјалот со цел да го извлече максимумот од него. Преку интеракција на видео и маркетинг, Мирко поседува неколку сертификати во областа на маркетингот, како што се Google Ads Video Certification, Google Analytics Individual Qualification, Google Ads Mobile, HubSpot Content и Inbound Marketing.Дино Орешки


Дино Орешки ја започнува својата кариера во Некерман пред 15 години, а неговата прва работна задача по дипломирањето била да го префрли каталогот на webshop. Подоцна, тој станува шеф на одделот за е-трговија во Квеле, каде што бил одговорен за водење на тимот во тогашната најголема веб-продавница во Хрватска. Потоа, се префрлува во КГ Медиа, агенција специјализирана за промоција на хрватски туристички понуда, каде што спроведува рекламни кампањи преку Интернет врз основа на резервации преку Интернет, за сите водечки хрватски хотелски компании. Следната станица е Инвента, на позиција менаџер за веб и е-трговија, каде што тој бил проект-менаџер на веб-продавници. Денес тој работи како дигитален стратег, раководи со своја консултантска компанија, е ко-основач и консултант во здружението Ecommerce во Хрватска. Тој сака предизвици и верува дека има решение за секој проблем. Ги поместува границите, успешно комбинирајќи ја технологијата и маркетингот. За дополнителна инспирација, тој често чита разни книги, блогови и написи.

Целна група
Целна група на обуката се сите организации кои се подготвени да ги прифатат и следат маркетинг трендовите, како и оние организации кои ја разбираат важноста на видео маркетингот. Оваа обука ќе Ве научи како да креирате видео стратегија, истата да ја вклопите во Вашата дигитална или маркетинг стратегија, како да напишете сценарио, како да спроведете снимање и да го измерите перформансот на снимените видео материјали. Ако Вие не сте подготвени за тоа, Вашата конкуренција е.

Детали за котизација

Котизацијата за еден учесник: 6.000 денари + ДДВ.
Котизација за секој следен учесник од иста организација: 5.000 + ДДВ.

Сите учесници на обуката ќе добијат:
•    сертификат за присуство

 

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт