
OСНОВИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА СОПСТВЕНОСТ, СОЛИДАРНИ ОБВРСКИ, СУБЈЕКТИВНО И ОБЈЕКТИВНО ПРЕИНАЧУВАЊЕ НА ТУЖБА

Цел на обуката
Институт КОНЦЕПТ организира обука каде што се третираат области од Законот за сопственост и други стварни права. Како дел од обуката ќе се покријат и солидарните обврски (нивното настанување, како и правата и обврските коишто произлегуваат). Дополнително ќе се разговара за субјективното и објективното преиначување на тужба. На крај ќе се води расправа и за прашања кои се од интерес на учесниците.
СОДРЖИНА
1. Основи за стекнување на сопственост
– стекнување на сопственост врз основа на закон, правно дело и со наследување;
– можни спорови во врска со стекнувањето на правото на сопственост.
2. Солидарни обврски
– видови на солидарни обврски;
– настанување на солидарните обврски;
– правата и обврските од солидарните обврски;
– судска пракса во врска со солидарните обврски.
3. Субјективно и објективно преиначување на тужба (сопарничари и учество на трети лица во парницата)
– кога може да се врши субјективно, а кога објективно преиначување на тужбата;
– учество на трети лица во парницата, кога и под кои услови тоа е можно.
ПРЕДАВАЧ
Судија Антоанета Димовска, Судија во Основниот суд Скопје 2, во одделот за имотни спорови. Судијата Димовска истовремено е и едукатор во Академијата за судии и обвинители.
ЦЕЛНА ГРУПА
За претставници од сите трговски друштва кои секојдневно се соочуваат со трудово-правната проблематика, правни сектори, сектори за човечки ресурси, менаџери.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
• работен материјал во електронска форма;
• сертификат за присуство
ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Котизацијата за еден учесник изнесува 5.000 денари, плус ДДВ. За секој нареден учесник од иста организација, котизацијата изнесува 3.500 денари, плус ДДВ.
|