Back To Top

Подготовка на апликација и изработка на деловен план за ИПАРД II програмата

Оваа обука е со цел здобивање на знаење за самостојна подготовка на деловниот план кој претставува документ, кој се отценува од страна на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – ИПАРД фонд.

Учесниците ќе стекнат знаење за:

  • Деловен план
  • Финасиска анализа на планираната инвестиција
  • Пресметки на економски параметри за оценка на одржливост на инвестицијата, Интерна стапка на рентабилност, Период на повраток на инвестицијата, Нето сегашна вредност на проектот – параметри според кој се оценува позитивен или негативен деловен план од комисијата од ИПАРД фондот.

Агенда:

 I дел 

1. ИПАРД фонд – основни информации за начин на аплицирање

2. Кој може да аплицира за користење на кофинансирање од 50, 60 и 65 % од вкупната сума на проектот
3. Критериуми кој треба да се исполнат за микро, мали и средни претпријатија

4. Потребни документи за аплицирање

 II дел 

1. Пишување на деловен план
– Опис на инвестицијата

2. Пазарни аспекти на инвестицијата
– Карактеристики на планираниот производ
– Пазар на продажба (Купувачи)
– Пазар на набавка (Добавувачи)

3. Опис на планираната инвестиција
– Избор и опис на технолошкиот процес (опис на услугата)

4. Планирани инвестиции во градежни објекти

5. Планирани инвестиции во повеќегодишни насади

6. Планирани инвестиции во механизација/опрема

7. Планирани општи трошоци

8. Планирање на потребна работна сила

9. Временски распоред на инвестицијата

10. Анализа на локацијата

11. Придонес на проектот кон развој на локалната економија

 III дел 

1. Финансиска анализа на планирани трошоци
– Спецификација на трошоци во постоечки основни средства
– Спецификација на трошоци за планирани основни средства
– Структура на планирани материјални и други оперативни трошоци
– План за отплата на кредит наменет за финансирање на планираната инвестиција

2. Финансиска анализа на планирани приходи

3. Пресметка на економски показатели
– Интерна стапка на рентабилност
– Период на поврат на инвестицијата
– Нето сегашна вредност на проектот

4. Причини за одобрување на проектот

За кого е наменета обуката:

Оваа обука е за менаџери, управители, раководители на оддели на производство, советници консултанти кои ќе подготвуваат апликација за ИПАРД или ќе учествуваат во подготвувањето.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт