Закон за управување со дополнителни текови на отпад
НА 1 ЈАНУАРИ 2024 ГОДИНА СТАПУВА ВО СИЛА:
ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕКОВИ НА ОТПАД
а во врска со
ЗАКОНОТ ЗА ПРОШИРЕНА ОДГВОРНОСТ НА ПРОИЗВОИТЕЛИТЕ НА ОТПАД
25 декември 2023 година (понеделник)
10:00 – 14:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
Обуката ќе се реализира со физичко присуство
Обуката ќе опфати осврт на законските регулативи и обврски на компаниите за правилно управување со посебните текови на отпад во Северна Македонија. Ќе бидат споделени и информации за имплементација на новите законски обврски за посебните текови на отпад со посебен фокус кон текстил, гуми, масла и искористени возила, детално објаснување на новите законски мерки и обврски за управување со специфични категории на отпад, кои почнуваат со примена почнувајќи од 01.01.2024 година.
Со овие закони се уредува видот на одговорноста на производителите по завршувањето на фазата на консумирање на производите како возила, гуми, масла и текстил што ги пуштиле на пазарот во Република Северна Македонија и начинот на нејзиното остварување заради собирање, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад што ги создале производителите со пуштањето на своите производи на пазар, условите, постапката и начинот на организирање заради остварување на проширената одговорност, условите и начинот на финансирање на мерките заради исполнување на проширената одговорност на производителот, правата и обврските на општините и другите субјекти кои имаат удел во постапувањето со посебните текови на отпад, како и други прашања што се од важност за навремено и целосно остварување на проширената одговорност на производителите.
СОДРЖИНА
1.Толкување на ЗАКОНОТ ЗА ПРОШИРЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ;
2.Толкување на ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕКОВИ НА ОТПАД
ПРЕДАВАЧИ
——————————————-
Раководител на сектор за управување со отпад во Управата за животна средина/Министерството за животна средина и просторно планирање
—————————————-
Заменик раководител на Сектор за ЕУ во Министерството за животна средина и просторно планирање.
За сите заинтересирани за оваа област.
• работен материјал
• кафе и осфежување
• сертификат за учество
ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Котизацијата за еден учесник изнесува 5.500 денари плус ДДВ.
За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 5.000 денари плус ДДВ.
Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до 21 декември 2023 година.