Back To Top

ПОДГОТОВКА НА ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД Обука за изготвување на подобри, попрецизни и реални програми за управување со отпад!

ПОДГОТОВКА НА ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

Обука за изготвување на подобри, попрецизни и реални програми за управување со отпад!

Обуката ќе се реализира со физичко присуство.
 30 јануари 2024 година (вторник)
 10:00 – 14:00 часот
 Институт КОНЦЕПТ, Скопје
ЦЕЛИ НА ОБУКАТА

„Управител со отпад“ е физичко лице кое поседува уверение согласно член 47 и е одговорно за управување со отпадот согласно со член 48 од Законот за Управување со отпад „Сл. весник на РСМ“ број 2016/2021

ја изработува и се грижи за спроведување на програмата за управување со отпадот на  лицата,
ја следи тековната состојба во управувањето со отпадот,
презема активности и мерки за намалување на создадениот отпад,
се грижи за спроведување и примена на постапките за управување со отпадот во согласност со овој закон или друг пропис,
води евиденција и изготвува извештаи согласно прописите за управување со отпад,
изготвува извештаи за несреќи или хаварии кои можат да настанат при управувањето со отпадот,
го контролира создавањето на отпадот во технолошките процеси,
ги информира одговорните органи, односно одговорните лица во правното лице за можното загрозувања на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството, третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и предлага конкретни решенија и
ги контролира видот и количеството на отпадот што се создава, преработува и се отстранува, како и на секундарната суровина.
Правните лица  кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад или повеќе од 100 тони неопасен отпад имаат обврска да ангажираат управител со отпад и да донесуваат програми за управување со отпадот во согласност со Стратегијата за управување со отпадот, Планот, Планот за спречување на создавањето на отпад и регионалните планови за управување со отпад.

Во таа насока, со цел оспособување на управителите со отпад за изготвување на подобри, попрецизни и реални програми за управување со отпад, Институт КОНЦЕПТ организира еднодневна обука на истата тема.

Целна група: 
•    Обуката е наменета за стручно оспособените лица – управители со отпад, од правните или физички лица коишто управуваат со отпад, како и од органите на локална самоуправа.
ВАЖНО:
Сите што ќе се пријават, во пријавниот лист можат да напишат и прашања и дилеми со кои се соочуваат во имплементацијата на законот во својата организација. Комплетен одговор ќе добијат на самата обука.

СОДРЖИНА :

  1. Цели за изготвување на програма за управување со отпад
  2. Рокови и институции до кои се доставува програмата за управување со отпад
  3. Содржина на програмата за управување со отпад
  4.  Измени и дополнувања на програмата за управување со отпад
  5. Известувања за спроведување на програмите за управување со отпадот
  6. Управување со отпад на регионално ниво
  7. Одговорности на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина
  8. Одговорности на единиците на локалната самоуправа и
  9. Прекршочни санкции за неизготвување на програма за управување со отпад.

ПРЕДАВАЧИ:

Ана Каранфилова Мазневска
Раководител на сектор за управување со отпад во Управата за животна средина/Министерството за животна средина и просторно планирање

Ирена Апостолова
Докажан домашен експерт во областа на животната средина и особено во одржливото управување со отпад.

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата  изнесува 5.500 денари, плус ДДВ.

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до
9 февруари 2024 година.

13.02.2024

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт