Подготвителни работи за реално и објективно изготвување на завршната сметка кај буџетите и буџетските корисници и непрофитните организации
Одговорното лице кое раководи со буџетскиот корисник е одговорен за реално и објективно изготвување на финансиските извештаи. Квалитетот на изготвените финансиски извештаи кои се составен дел на завршната сметка зависи од редовното/ажурното, целосното и законското водење на сметководствената евиденција. Одговорноста за целосна и точна сметководствена евиденција припаѓа на одговорниот сметководител, кој е должен да ги следи сите законски промени кои имаат влијание врз сметководствените принципи и начела, применети при водење на сметководствената евиденција. Многу значаен сегмент во делот на објективноста и реалноста на финансиските извештаи има целосно, правилно и навремено спроведениот попис на средствата, побарувањата и обврските.
Наведеното се однесува и за непрофитните организации каде одговорноста припаѓа на работодавачите и на одговорните сметководители.
Врз основа на изнесеното може да се заклучи дека настапува период на зголемени активности пред сметководителот, кој често пати заради голема ангажираност не е во состојба секогаш и редовно да ги следи измените во законската регулатива. Заради тоа се организираат работилници, семинари каде се даваат одговори на многу значајни прашања, се расчистуваат дилемите, се разменуваат искуствата.
Агенда:
• Попис на средствата, побарувањата и обврските како законска обврска и неопходна потреба
– посебен осврт на досегашното искуство,
– усогласување на сметководствената со фактичката состојба.
• Сметководствени политики и начела за признавање на билансните позиции и искажување на приходи и расходи
• Пресметка на амортизација и ревалоризација
• Деловни книги и сметководствени грешки
• Сметководствен третман на евидентирање на данок на добивка
• Сметководствен третман на одлуки на влада на рм за времено и трајно користење на недвижни ствари
• Сметководствена усогласеност на одделни билансни позиции во рамките на финансиските извештаи
Обуката е наменета за:
Обуката е наменета за сите вработени лица во сметководствениот сектор/одделение во рамките на буџетските корисници и непрофитните организации кои имаат обврска редовно, навремено и целосно да ја водат сметководствената евиденција. Исто така, обуката е наменета за членовите од комисиите за попис на средствата, побарувањата и обврските, кои треба во почетокот на декември да ги започнат активностите во делот на физичко броење и мерење.