Back To Top

POKA YOKE – СИСТЕМ ЗА ИЗБЕГНУВАЊЕ (НЕНАМЕРНИ) ГРЕШКИ

Платформа:

Повеќето грешки се прават ненамерно. Каде што има човечки труд, има грешки и тие обично се случуваат како резултат на невнимание или едноставни пропусти. Иако е човечки да се греши, погрешно е да се мисли дека грешките се неизбежни. Наместо тоа, треба да постои став дека грешките имаат свои причини и дека овие причини може да се идентификуваат и спречат.

Poka-Yoke е дел од производниот систем на Тојота и е техника која има за цел да:
• ја минимизира или целосно ја елиминира можноста за грешка и дефект како последица на грешката,
• да се намали можноста за пренесување на неисправни производи во следната фаза на производство или до крајниот корисник.

Овој систем е формализиран е од Шигео Шинго, а името потекнува од два јапонски збора: poka – што значи грешка; и yokeru – што значи да се избегне. Акцентот е ставен на елиминирање на причината за грешката, со идеја да се спречат грешки преку Poka-Yoke уредите вградувајки ги во дизајнот на производот, алатките или самиот процес на производство, и да се избегне ставањето на вина за настанатите грешки на човекот. Целта е да се воспостави механизам што ја спречува грешката, или ја прави очигледна и лесно забележлива. Како резултат, имаме производство со нула дефекти, и намалување на трошоците за производство и времето на производство преку намалување или елиминирање на последователната контрола на квалитетот.

 

Агенда

  1. Разбирање на грешките и причините за грешките
  2. Разбирање на видовите човечки грешки
  3. Дефекти како последица на грешки
  4. Систем Poka-Yoke за спречување на грешки и отстранување   на нивните причини
  5. Мотиви за воспоставување на системот Poka-Yoke
  6. Класификација на различни Poka-Yoke методи
  7. Дефинирање на елементите на добар Poka-Yoke уред
  8. Практични примери за различни Poka-Yoke уреди

Предавачи


• д-р Драгана Стојановиќ, Доцент на Факултетот за организациски науки, Универзитет во Белград, Катедра за инженерство и менаџмент.

• д-р Иван Томашевиќ, Доцент на Факултетот за организациски науки, Универзитет во Белград, Катедра за инженерство и менаџмент.

Долгогодишно искуство како предавачи на Кајзен пристапот. Активно работат со компаниите на неговото имплементирање. Имаат учествувано во спроведување обуки и решавање проблеми во компаниите од областа на континуирано подобрување на производството (со користење на Кајзен пристап), оптимизација и управување со деловните процеси, систематизација на работните места и утврдување на вредноста на работата, подобрување на системот на плати, подобрување на системот за квалитет и сл.

Целна група 


Целна група на обуката се машински оператори, менаџери, менаџери на средно ниво и сите заинтересирани за оваа област.


Сите учесници на обуката ќе добијат:
•    работен материјал во електронска форма

 

Детали за котизација

Котизацијата за еден учесник изнесува: 5.000 денари + ДДВ.

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526

e-mail: institut@koncept.com.mk

 

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт