Back To Top

Постапка за откажување на договорот за вработување со отказ и Закон за заштита од вознемирување на работно место (мобинг) и судска пракса

Обуката ќе се реализира со физичко присуство.
 
 06 јуни 2023 година (петок)
10:00 – 14:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА

Во денешното време на брзи промени, турбулентни односи, приватни и деловни, повеќето поединци се обидуваат да се справат со стресот. Денес стресот е еден од главните предизвикувачи на злоупотреба на работното место, а најлошото е што злоупотребата, без разлика дали е психичка или сексуална, станува се’ почеста на работното место. Овој вид на злоупотреба денес е познат како мобинг.

Треба да се истакне дека мобингот со себе носи штетни последици како за жртвата и нејзината психолошка и здравствена состојба, така и за организацијата во која се јавува, но и за средината во која работи организацијата. Со оглед на актуелноста и се’ почестата појава на овој проблем во организациите, спречувањето и пред се’ ширењето на свеста за штетноста на мобингот е важно за целото општество.
Овој проблем подеднакво негативно влијае на работодавачот во чија организација се јавува. Со цел да се спречат ситуации на вознемирување на работното место, работодавците треба да развијат програми за превенција за да спречат насилство.

Фокусот на оваа обука е разгледување на сите аспекти кога станува збор за вознемирување на работното место, од дефинирање на мобингот како форма на злоупотреба, преку правата, обврските и одговорностите на работодавачот и на вработените, па се’ до судската заштита (тужба, видови на тужба, товар на докажување и привремени мерки). Со цел да се спречат ситуации на вознемирување на работното место, важно е да се имаат во предвид сите страни, со цел соодветно реагирање и развивање на соодветна програма за превенција за спречување насилство.

Во рамки на обуката, ќе се обработува и темата за постапка за откажување на договорот за вработување со отказ од повеќе причини.

Сите учесници на обуката ќе бидат во можност да поставуваат прашања кои се однесуваат на Законот за ЗРО.

СОДРЖИНА

Тема 1. Постапка за откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и работодавачот предвидени во ЗРО 
Основани причини за отказ во согласност со ЗРО од лични причини
Основани причини за отказ во согласност со ЗРО од деловни причини
Основани причини за отказ во согласност со ЗРО поради причина на вина

Тема 2. Отказ со понуда на нов променет договор за вработување (начин и постапка) – член 78 од ЗРО

Тема 3. Рокови за отказ на договорот за вработување – член 94 од ЗРО
Отказ на договорот за вработување од лични причини
Отказ на договорот за вработување поради причини на вина од страна на работникот
Отказ на договорот за вработување поради сторено кривично дело на работа или во врска со работата

Тема 4: Мобинг
Општи одредби 

Предмет на Законот
Цел на Законот
Примена на Законот
Забрана на вознемирување на работно место
Видови вознемирување на работно место
Вршител на вознемирување
Место и време на вршење на вознемирување
Што не е завознемирување на работно место
Општи правила за однесувањето на работодавачот и вработениот при работа

Права ,обврски и одговорности на работодавачот
Известување на вработениот
Определување на посредник
Одговорност за штета

Права, обврски и одговорности на вработените
Заштита од вознемирување
Сознанија за вознемирување
Злоупотреба на правата

Постапка за заштита од вознемирување на работно место kај работодавачот
Претходна постапка
Поведување на постапка
Поднесување и содржина, рокови на барање
Видови посредување
Мерки за утврдување на одговорност на вработениот
Заштита на учесниците во постапката

Судска заштита
Тужба
Видови на тужба
Товар на докажување
Привремени мерки
Инспекциски надзор
Прекршочни одредби
Судска  пракса

ПРЕДАВАЧИ:
1.Санде Зиков, судија во Апелационен суд Скопје.
2.Ленче Коцевска, Државен советник за политики за вработување за труд и безбедност и здравје при работа,  Министерство за труд и социјална политика.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА: 
•  правници
•  адвокати
•  сите кои сакаат да се запознаат со оваа област

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Редовна котизација за еден учесник:
5.000 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
4.500 ден. (плус 18% ДДВ)Во цената е вклучено:
•    работен материјал
•    сертификат за присуство
•    кафе и освежување
ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВЕН ЛИСТ
Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 23 мај 2023 година.

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон:

2 3128 526

2 3128 525

            070 272 207          

 e-mail: institut@koncept.com.mk

Почеток: 06 јуни 2023 година

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт