
POWER BI за подобри одлуки!
ОД ПОДАТОЦИ ДО СОЗНАНИЈА: ОТКЛУЧУВАЊЕ НА МОЌТА
НА POWER BI ЗА ПОДОБРИ ОДЛУКИ
Трансформирајте ги вашите податоци во активни сознанија: придружете се на нашата обука за Power BI!
Обуката ќе се реализира со физичко присуство.
5, 7 и 9 јуни 2023 година (понеделник, среда и петок)
12:00 – 15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
ЗОШТО ОВАА ОБУКА? |
Во денешниот динамичен свет кој е управуван од податоци, поважно е од кога било да се знае како ефективно да се анализираат и презентираат податоците. Без разлика дали работите во продажба, маркетинг, финансии, човечки ресурси или која било друга област што се занимава со податоци, со Power BI, можностите се бескрајни, а нашата сеопфатна обука ќе ве опреми со знаење и алатки потребни да работите поефикасно и да донесувате подобри одлуки врз основа на сознанијата добиени од податоците. |
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? |
|
ШТО ЌЕ ОПФАТИ ОБУКАТА? |
Ќе започнеме со извлекување податоци од различни извори, трансформирање на податоците во добар сет на податоци и вчитување на податоците во Power BI. Потоа ќе ве запознаеме со интерфејсот Power BI и ќе ве научиме како да изградите модел на податоци. Ќе ве научиме како да креирате нови колони и нови мерки користејќи го програмскиот јазик DAX. Потоа ќе продолжиме да креираме интерактивни извештаи со соодветни визуелни прикази врз основа на податоците. Посебен фокус ќе ставиме на користењето различни визуелни прикази и методи за да одговориме на прашања што се случило, зошто тоа се случило и што ќе се случи. Додадена вредност на обуката е креирањето на визуелни прикази базирани на вештачка интелигенција која е составен дел на Power BI. Поагајќи од фактот дека раскажувањето на добра приказна со податоци е клучна мека вештина за секој кој носи одлуки засновани на податоци, вие ќе се запознаете со сите клучни аспекти за кажување на добра приказна од податоците. Нашата обука ќе има силен фокус на практични примери, што ќе ви овозможи веднаш да го примените она што ќе го научите во вашата работа. |
ПРЕДАВАЧ: |
Д-р Виолета Цветкоска
Професор на Економски факултет – Скопје при УКИМ
Д-р Виолета Цветкоска е професор на предметите основи на бизнис аналитика и операциони истражувања. Нејзината академска кариера во овие области е градена на врвни универзитети во Европа, Северна и Јужна Америка и Азија. Има објавено многубројни научни трудови и автор е на првата книга за Бизнис аналитика во државата. Член е на научни одбори на меѓународни конференции и во уредувачки одбори на меѓународни списанија (Decision Analytics Journal, International Journal of AHP, SPOUDAI – Journal of Economics and Business, International Journal of Society Systems Science и др.). Добитник е на маѓународни награди во својата област. Нејзиниот тековен истражувачки интерес ја вклучува примената на бизнис аналитиката и вештачката интелигенција во областите на дигитална трансформација, одржливост, мерење на перформаси, банкарство и финансии.
ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Редовна котизација за еден учесник: 8.000 ден. (плус 18% ДДВ) За физичките лица постои можност за плаќање на 2 рати.Во цената е вклучено: • работен материјал • сертификат за присуство • кафе и освежување |
ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВЕН ЛИСТ |
Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 1 јуни 2023 година. |
За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:
телефон:
2 3128 526
2 3128 525
070 272 207
Почеток: 5 јуни 2023 година