
Практична обука: НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ
Online обука на платформа:
ZOOM
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
Цел на обуката
Напредните алатки на Ексел, како што се напредни филтри, правила, валидација на податоците и текстуалните функции спаѓаат во најважните и најчесто користените алатки во деловното планирање, макро и микроекономската анализа и носењето на одлуки.
Во свет во кој сме постојано опкружени со податоци, бројки, трендови и статистики, неопходно е да ги разбираме и да бидеме способни да ги користиме напредните ексел функции, бидејќи тие се дел од најважните алатки за носење на деловни одлуки.
Обуката е наменета за сите оние коишти сакаат да научат како да:
- Лесно анализираат големи бази на податоци во Ексел;
- Лесно средуваат текстуални информации во Ексел;
- Препознаваат ситуации во кои примената на напредни Ексел алатки може да помогне во процесот на одлучување;
- Да спроведуваат едноставна анализа во пракса користејќи MS Excel и на тој начин да издвојуваат дополнителни информации од собраните податоци;
- Интерпретираат различни нумерички податоци прикажани во деловните извештаи или критички да пристапат во вреднувањето на статистичките податоци пред носењето на деловни одлуки.
СОДРЖИНА
Ø Валидација на податоците
Ø Брзи формати за внесување на податоци во Ексел
Ø Користење на филтри
Ø Koристење на напредни филтри
Ø Користење на правила и напредни правила
Ø Текстуални функции во Ексел
На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите во Excel:
• Data filters
• Text filters
• Number filters
• Date filters
• Advanced filters
• Form control
• Data Validation
• Slicers
• Easy data entry forms
• Check box
• Conditional formatting
• Advanced CF techniques
• Trim, Proper, Upper, Lower, Len,
• Split Names
• Data-Text-to Columns
• Flash fill
• Text functions
• Tips & tricks (трикови)
Краен резултат: Максимално забрзување на изготвување на анализи!
ПРЕДАВАЧ
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје
Целна група
За сите оние кои сакаат да го зголемат своето практично знаење за работа во Excel, како и за сите оние кои сакаат поефикасно да ги извршуваат своите задачи
За сите учесници ќе биде обезбедено:
• работен материјал во електронска форма;
• сертификат за присуство и потврда за бодови.
Детали за котизација
Котизацијата за еден учесник изнесува 5.000 денари, плус ДДВ.
За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 4.500 денари, плус ДДВ.