Back To Top

Престанок на работен однос од лични и деловни причини

и колективни договори

Обуката се организира со цел обработка на специфичностите од последните измени и дополнувања на Законот за работните односи на Република Македонија, посебно измените кои се однесуваат на престанок на работен однос од лични и деловни причини и колективните договори. На крај се води расправа и за прашања кои се од интерес на учесниците.

Агенда:

1.    Кршење на работниот ред и дисциплина и на работните обврски како предуслов за отказ на договорот за вработување во согласност со Законот за работните односи – пречистен текст (Објавен во Сл.Весник на РМ бр.54/2013 од 15.04.2013 година):

  • Обврски на работникот во врска со вршењето на работата и почитување на прописите и упатствата на работодавачот предвидени во ЗРО од чл.30 до чл.39
  • Обврски на работодавачот кој е должен на работникот да му обезбеди работа за која што странките се договориле со договорот за вработување предвидени во ЗРО од чл.40 до чл.45.

2.    Постапка за откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и работодавачот предвидени во ЗРО од чл.70 до чл.75:

  • Основани причини за отказ во согласност со чл.76 ст.1 т.1, чл.79 и чл.80 од ЗРО, од лични причини
  • Основани причини за отказ во согласност со чл.76 ст.1 т.2, чл.81 и чл.82 од ЗРО, поради причина на вина
  • Основани причини за отказ во согласност со чл.76 ст.1 т.3, чл.94-а, чл.95, чл.96 и чл.97 од ЗРО, поради економски, организаиони, технолошки, структурни или слични причини на страна на работодавачот – од деловни причини.

3.    Правна заштита

  • чл.91 од ЗРО – приговор на одлука за откажување на договорот за вработување без отказен рок или за отстранување од кај работодавачот
  • чл.93 од ЗРО – приговор против одлука за откажување на договор за вработување со отказен рок
  • чл.181 од ЗРО – остварување и заштита на правата и обврските и одговорностите од работниот однос, кај работодавачот и судска заштита.

4.    Колективни договори

  • Престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда, (чл.102 став 4 од ЗРО)
  • Меѓусебен однос на член 54 и 55 од  Законот за работните односи со Законот за трговските друштва во делот кој се однесува на деловните лица;
  • Отказ со понуда на нов променет договор за вработување. ( начин и постапка) – член 78 од ЗРО

Обуката е наменета за:

За претставници од сите трговски друштва кои секојдневно се соочуваат со трудово-правната проблематика, правни сектори, сектори за човечки ресурси, менаџери.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт