Back To Top

ПРОФЕСИОНАЛНА ИЗЛОЖЕНОСТ НА ОПАСНИ СУПСТАНЦИ НА РАБОТНО МЕСТО!

(Законски основи, проценка на ризик и ризични работни места, класификација и обележување на опасните супстанци, влијание врз здравје, биолошки мониторинг, превентивни здравствени прегледи, оценка на работна способност)
 
Обуката за сите стручни лица носи 10 бодови.
Обуката ќе се реализира со физичко присуство.
 
 11:00 – 15:00 часот
 Институт КОНЦЕПТ, Скопје
ЦЕЛ НА ОБУКАТА
Под опасни супстанци се подразбираат сите пареи, гасови или супстанци во цврста агрегатна состојба што можат да го оштетат здравјето на професионално експонираните работници. 

Опасните супстанци може да се најдат на многу различни работни места: во градежната индустрија, во хемиската и фармацевтската индустрија, во земјоделието, во здравствената заштита, во фризерниците, при одржување на хигиената, при употребата на наноматеријалите и многу други. Речиси дека нема работно место во производството, каде работниците на своите работни места не се изложени на опасни супстанци.  Иако немаме конкретни податоци за бројот на изложени работници на своите работни места кај нас, податоците од други студии и анализи покажуваат дека 16% од работниците во Европа доаѓаат во контакт со опасни супстанци, а 22% се изложени на токсични пареи. 

Опасните супстанци може да предизвикаат различни типови на оштетувања на здравјето. Некои предизвикуваат малигни болести (канцер), други негативно влијаат на репродуктивниот систем или доведуваат до појава на вродени оштетувања (аномалии) кај новороденчињата. Некои опасни супстанци предизвикуваат оштетување на мозокот, белите дробови,  бубрезите, црниот дроб или кожата. Некои предизвикуваат труења, други доведуваат до алергиски болести или пак труење.  Некои опасни супстанци претставуваат значајни безбедносни ризици затоа што нивното присуство во работната средина може да предизвика експлозија, пожар или задушување.
Ефектите може да се последица на еднократна изложеност во тек на краток временски период или, напротив на хронична изложеност (експозиција) и наталожување на опасната супстанца во човековото тело во тек на подолг временски период.  

Во поширока смисла, особено по појавата на Ковид-19, во групата на опасни супстанци се почесто се говори и за биолошките агенси, како и за новопојавувачките ризици и наноматеријалите.

 СОДРЖИНА  
 1.  Обврски кои произлегуваат од Законот за БЗР на работодавачот и правните субјекти за вршење на стручни работи во областа на БЗР при изложеност на опасни супстанци

2.  Обврски на работодавачот и на овластената установа по  медицина на труд за вршење на превентивните медицински прегледи при изложеност на опасни супстанци

3.  Класификација и обележување на опасните супстанци и безбедносен лист

4.  Проценка на ризик на работно место при изложеност на опасни супстанци

5.  Карактеристики на опасните супстанци и нивно влијание врз здравјето

6.  Превентивни здравствени прегледи на работниците што се професионално изложени на опасни супстанции: дилеми и проблеми

7.  Дискусија

ПРЕДАВАЧИ

Грозданка Тилева, Помошник главен инспектор, Сектор за безбедност и здравје при работа, Државен инспекторат за труд
Проф. д-р Елисавета Стикова, УКИМ – Медицински факултет

      
Целна група: 

  • Работодавачи
  • стручни лица за БЗР
  • претставници на вработените
  • сите заинтересирани за оваа тема.

За сите учесници ќе биде обезбедено:

  • работен материјал
  • сертификат за присуство и потврда за бодови
  • кафе и освежување

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата за еден учесник изнесува 5.000 денари, плус ДДВ.
За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 4.500 денари, плус ДДВ.

Напомена: Секој учесник, кој е стручно лице, на крајот на обуката ќе добие потврда за стекнатите бодови за учество на обука за стручно усовршување. Останатите учесници ќе добијат сертификат за учество.

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до

Почеток:

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт