Back To Top

Психологија на продажбата

Платформа:

29.10.2020 година (четврток), 11.00-15.00 часот

 

Научете како подобро да ги разберете вашите клиенти и како тие донесуваат одлуки за купување. Дали сакате полесно да работите со сите типови на луѓе, не само со оние кои се слични на вас? Сите го сакаме тоа.

Сепак, за успех во продажбата, не е доволно само да знаете што продавате и да имате голема желба да успеете. За да бидете врвен продавач мора да бидете и врвен психолог. Оваа обука нема да ве направи психолог, но ќе ве запознае со ефективните алатки за разбирање на психологијата на клиентите и ќе ве поттикне полесно да влијаете на сите со кои ќе контактирате како продавач.

Дури и ако мислите дека не сте роден продавач, на оваа обука ќе имате можност да ги стекнете, вежбате, развивате и подобрите своите вештини за продажба.

Цел на обуката:

  • Разбирање на важноста на психологијата на клиентите;
  • Запознавање со начинот на кој клиентите донесуваат одлука за купување;
  • Стекнување знаење за стратегии за влијание врз донесувањето одлуки на клиентите;
  • Стекнување знаење за примена на 6 принципи на влијание.

По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат:

  • Да ја прилагодат стратегијата со цел да продаваат подобри и поскапи производи и услуги;
  • Разберат важноста на клучните принципи на влијание за ефикасно поврзување со клиенти и создавање на однос на разбирање и доверба.

10 клучни причини зошто треба да се пријавите на оваа обука:

  1. Ќе ја подобрите вашата стратегија за продажба и пристапот на продажба
  2. Ќе разберете како клиентите донесуваат одлуки за купување
  3. Ќе разберете како да заработите повеќе пари, со помалку корекции на досегашната работа
  4. Подобро ќе ги разберете вашите клиенти
  5. Подобро ќе се разберете себе
  6. Ќе се запознаете со клучните принципи на влијание
  7. Ќе можете ефикасно да влијаете на луѓето
  8. Ќе бидете подобри од конкуренцијата
  9. Ако го примените наученото, ќе заработите повеќе отколку што заработувате моментално
  10. Ќе се забавувате

Агенда:

  1. Психологија и продажба
  2. Економија на однесување
  3. Како клиентите донесуваат одлуки за купување
  4. Како да се влијае врз донесувањето одлуки на клиентите
  5. 6 принципи на влијание и нивна примена во продажбата

Предавач:

Дејан Живкович

Дејан е психолог, со долгогодишно искуство на позициjaта менаџер за човечки ресурси и корпоративен тренер. Повеќе од десет години работи како тренер и досега има одржано повеќе од 600 обуки за над 6.500 учесници во Србија, Црна Гора, Македонија и Хрватска. Негова специјалност се обуките во областа на продажната психологија, емоционална интелигенција и лидерство. Тој е автор на книгата од областа на популарната психологија наречена „Патот кон себе – како да станете сè што можете да станете“.

Меѓу другото, како тренер, има соработувано со следниве компании: Генерали Осигурување Србија, Меркатор-С, Кока-Кола ХБЦ Србија, ИМЛЕК, БИМИЛК, Горење Тики, П3 комуникации, Меркур Осигурување Србија, Милениум Осигурување Србија…

Целна група на обуката се агенти за продажба, менаџери за продажба, менаџери за клучни купувачи, претприемачи и сите други заинтересирани за подобрување на нивните продажни вештини.

Сите учесници на обуката ќе добијат работен материјал и прирачник.

Детали за котизација

Котизацијата за еден учесник изнесува: 5.000 денари + ДДВ.

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон: ++ 389 2 3128 525 и ++ 389 2 3128 526

e-mail: institut@koncept.com.mk

ДАТУМ: 29 ОКТОМВРИ, РОК ЗА ПРИЈАВА: 27 ОКТОМВРИ

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт