Back To Top

Psychometric Assessment Tools – Психометриски пристап при проценка на кандидати

Употребата на стандардизирани психометриски инструменти (тестови за општи и специфични способности и прашалници на личност), при избор на кандидати и идентификација на нивните организациски таленти, значително ја зголемува брзината и квалитетот на одлуките поврзани со човечките потенцијали, а со самото тоа и ги намалува сите придружни трошоци. На долг рок, тоа е првиот чекор за успешен onboarding (воведување во работа), обезбедува поголема ангажираност и ефикасност на (новите) вработени и гарантира управување со целосна „видливост“ на организациските таленти, овозможува ефективна сукцесија и ги намалува ризиците од доброволно заминување (флуктуација) на најдобрите работници. Овој webinar е првенствено наменет за организациските психолози. Истиот ќе им помогне на учесниците да се справат со клучните предизвици врзани со примената на психометриските инструменти денес.

 

Содржина на семинарот
– Адресирање на клучните предизвици врзани за примената на психометриските инструменти денес
– Кои се најефикасни и најчесто користени психометриски инструменти?
– Кои карактеристики определуваат кога и зошто да се користи определен инструмент?
– Како да се создаде батерија на тестови за специфични позиции/организациски улоги?
– Од што се состои кохерентниот модел на проценка на силите и развојниот потенцијал?

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт