Back To Top

Регулатива за управување со кредитниот ризик

(ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА БАНКИТЕ И ШТЕДИЛНИЦИТЕ)

Цели на обуката:

Приказ на карактеристиките на Одлуката за управување со кредитниот ризик од март 2013 година, со која:

  • се прецизираат критериумите за класификација во сите категории на ризик, се прецизираа одредбите за оценка на кредитната способност на клиентот за потребите на класификацијата на кредитните изложености на поединечна основа, се воведе праг на материјалност при класификацијата на кредитните изложености во категоријата на ризик „А“.
  • се воведе можност за банките да користат „минимални износи“ при преносот на побарување во нефункционален статус, а се променија и условите за исклучување на побарување од категоријата нефункционални побарувања,
  • се промени начинот на дефинирање на портфолиото на кредити, односно на изложеностите коишто можат да се класифицираат на групна основа, при што се направи поврзување на оваа одлука со методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот. Исто така, се зголеми максималниот дозволен износ на портфолиото на кредити, и се прецизира начинот на утврдување на исправката на вредноста/посебната резерва за изложеностите коишто се дел од портфолиото на кредити,
  • се овозможи точно одредени видови обезбедување да можат да се користат при утврдување на исправката на вредноста, при што се пропиша и вредноста и минималниот период во кој овие обезбедувања можат да се вклучат во дисконтирањето на паричните текови,
  • се прецизираат одредбите за вршење отпис, се воведe категоријата рефинансирање, се појаснија одредбите за управување со кредитниот ризик.

Агенда:

  1. Цел и опфат на Одлуката за управување со кредитниот ризик.
  2. Позначајни новини во Одлуката во однос на:
    • супервизорските стандарди за достасани за наплата, а ненаплатени побарувања
    • класификацијата на кредитната изложеност на поединечна и на групна основа, фреквенцијата, критериумите и основните елементи на класификацијата,
    • преминот кон и исклучувањето од нефункционален статус,
    • третманот на обезбедувањето при класификацијата и утврдувањето на исправката на вредноста,
    • начинот на утврдување и висината на исправката на вредноста/посебната резерва на поединечна и на групна основа.
  3. Третманот на ослободената исправка на вредноста/посебна резерва.
  4. Елементи на управувањето со кредитниот ризик.
  5. Очекувани промени во подзаконската регулатива.

Обуката е наменета за:

Лица кои имаат познавања за постојната регулатива за управување со кредитниот ризик, лица вработени во банките и штедилниците, во секторите за кредитирање, управување со кредитниот ризик, финансии, раководни лица во овие сектори и сл.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт