Back To Top

Решавање на проблеми со употреба на методот А3

Оnline платформа:
 
4 декември 2020 година (петок)
11:00 – 14:30 часот

Цел на обуката

Целта на обуката е да се запознаеме со едноставен, а ефективен метод, алатка што може да ја содржи суштината на проблемот, анализа, преземени мерки и резултати. Присутните ќе научат како да го користат методот А3 за решавање проблеми, како и да применат соодветни алатки во текот на целиот процес на решавање проблеми, на начин што поттикнува учење, соработка и личен развој.

А3 е развиен во Тојота како дел од нивниот систем на производство (ТПС), како метод за решавање проблеми и документирање на различните чекори во процесот. А3 методот за решавање на проблеми обезбедува едноставен и логичен начин за решавање на проблемот. Овој метод е именуван според големината на хартијата А3 (297 x 420 mm), што го прави ефикасен затоа што намалува големи количини на податоци во формат што е лесен за читање и разбирање.

Како алатка е корисна за рационализирање на работата во компаниите бидејќи им помага на вработените, кои имаат многу малку време, да прочитаат голем број документи за да разберат одреден проблем. Во прилог на обезбедување на методски пристап кон решавање на проблеми и концизен начин на презентирање на фактите на другите, методот А3 создава основа за идни подобрувања и создава линска култура во организацијата.

СОДРЖИНА  

1. Вовед во методот А3
  • Основи на методот А3
  • А3 и лин
  • Предности на А3
2. А3 и ПДЦА циклус (Plan, Do, Check, Act)

3. Извештај за А3: чекор по чекор

  • Опис на проблемот
  • Цел
  • Тема
  • Анализа на причината
  • Контра-мерки
  • Имплементација
  • Следење

4. Работилница: Подготовка на А3 извештаи за конкретен пример од пракса

ПРЕДАВАЧИ  

      
д-р Барбара Симеуновиќ


Доцент на Факултетот за организациски науки, Универзитет во Белград, Катедра за инженерство и менаџмент. 

д-р Ивона Јовановиќ


Соработник во настава на Факултетот за организациски науки, Универзитет во Белград, Катедра за инженерство и менаџмент. 

      
Целна група на обуката се директори на компании, менаџери од високи и средни нивоа, водачи на тимови, вработени за подобрување на процесот и сите заинтересирани во оваа област
      
За сите учесници ќе биде обезбедено:
•    работен материјал во електронска форма; 
•    сертификат за присуство.

Детали за котизација

  • Котизацијата за еден учесник изнесува 4.000 денари, плус ДДВ.

За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:

телефон: ++ 389 70 272 207

e-mail: institut@koncept.com.mk

ДАТУМ: 4 декември, РОК ЗА ПРИЈАВА: 2 декември

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт