Back To Top

Reward Management Systems – Организациски состави за мотивирање и наградување

Во денешното динамично окружување, организациите треба да ги земат во предвид стратегиите на наградување кои овозможуваат реализација на организациските цели и ја зголемуваат нејзината вредност. Компилацијата на лични цели кои се вткаени во организациските цели е оптимална комбинација. Ние немаме сите исти потреби и токму затоа и немаме еднакви мотиватори. Ако препознаете и разберете што ги мотивира луѓето, тоа е најмоќната алатка со која може да ја зголемите целокупната продуктивност и може да постигнете оптимална организациска клима.
Целта на овој семинар е да се приближи врската меѓу мотивацијата и наградувањето и да се презентираат основните алатки, модели и мерки на наградување за да може учесникот да ги примени во пракса.

Содржина на семинарот:
– Ориентација на организацијата кон целите, резултатите и предизвиците
– Која е врската меѓу мотивацијата и наградувањето? – Мотивациски и компензациски карактер на платите
– Современи принципи и закони за мотивација на вработените – практична „to do“ таблица
– Внатрешни и надворешни награди – примена во деловната практика, предизвици
– Колку да се плати? Планови за плата по достигнување – студија на случај
– Индивидуални, групни и организациски системи за наградување на вработените – примери
– Директни и индиректни менаџерски надоместоци – примери
– Модели на наградување (продажни, административни, оперативни) – примери од пракса

Цел на семинарот:
Целта на семинарот е да се укаже на потенцијалот на продуктивност кој лежи во откривање потреби и мотиватори на вработените, да се развие ориентација кон цели и успеси, да се обезбедат алатки за индивидуален развој на плановите за плати според постигнатото, да се обезбедат алатки за развој на програма на наградување која е во согласност со организациските цели и стратегијата на организацијата, да се запознаат алатките, техниките и можностите кои пружаат практични современи принципи на мотивација и наградување на вработените, со цел да се зголеми продуктивноста и да се постигне оптимална организациска клима.
Концизната и јасна презентација е збогатена со практични примери, кратки задачи и студија на случај кои обезбедуваат разбирање на содржината на семинарот.

Целна група на учесници:
Обуката е наменета за оние кои сакаат да одржат или создадат стимулативна организациска клима во која се користи максимумот на компетенции на вработените: директори на компании, менаџери за човечки ресурси, лидери на тимови, клучни менаџери на клиенти, менаџери на проекти и менаџери за продажба.

Детали за котизација

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт