Back To Top

SEO – Search Engine Optimization

Што правиме кога сакаме да пронајдеме нешто на интернет? Го отвораме интернет пребарувачот (Google, Yahoo, Bing ) и го вкуцуваме посакуваниот поим или клучниот збор за кои излегуваат веб страници кои се соодветни на бараните термини. Понатаму ги разгледуваме веб страниците, производите и услугите кои ги нудат, споредуваме цени, ги контактираме компаниите за дополнителни информации и слично.

Дали знаете дека токму тие клучни зборови можат да бидат пресудни за зголемен обем на работа и заработка на компаниите. Од клучните зборови зависи и позицијата на веб страницата кај интернет пребарувачот.

Денес за оние страници коишто не се наоѓаат на првата или втората страница на Google, се смета дека се „мртви страници“, токму поради фактот што 80 % од интернет корисниците ја пребаруваат само првата страница на Google. Ако ја нема веб страницата на првата страна на Google, нема да има ни остварена продажба. Не дозволувајте и вашата веб страница да остане незабележана и да останете без остварена продажба. Токму поради тоа постои голема побарувачка за SEO-експерти кои ќе им овозможат на компаниските веб страници да го остварат заслуженото место во сајбер просторот.

Основна цел на обуката е учесниците да се запознаат со значењето на SEO и придобивките од неговата примена на веб страните.

Агенда:

  • Што се клучни зборови и каде се наоѓаат на веб страницата;
  • Како изгледа Google пребарувачот и кои се најважните позиции;
  • Како се бодува една веб страница според стандардите на Google;
  • Како да се одбере име за веб страница;
  • На кој начин да се напише текстот на веб страницата, со цел веб страницата да се појави на првата страница на Google;
  • Како да се следи работата на конкуренцијата на Google;
  • Употреба на најпознатиот програм за клучни зборови – Google planner;
  • Разлика помеѓу оптимизација на самата страна и надвор од неа;
  • Како се пишува правилно наслов на веб страна;
  • Како се пишува описот на една страница според правилата на Google;
  • Како се користат насловите и поднасловите на текстовите на правилен начин (Header тагови);
  • Како да се употребуваат правилно воведните пасуси при пишувањето на текстови
  • Како да изберете квалитетна фотографија и да ја означите;
  • Како да линкувате текст на страната (разлика помеѓу интерни и екстерни линкови)
  • Како да ги користите социјалните мрежи и да ги поврзете со веб страницата;
  • Како да размените линкови со други веб страници;
  • Како да го проверите резултатот од вашата работа на оптимализација на веб страната.

Обуката-работилница е наменета за:

За сопствениците и менаџерите на компании коишто сакаат да постават веб сајт или пак веќе поседуваат веб сајт, но сакаат истиот да го завземе првото место или да се најде на првата страница на Google пребарувачот; за оние кои сакаат да се преквалификуваат за нови работни места, но и за оние кои не се вработени а имаат желба хонорарно да работат за домашни и странски клиенти.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт