
Што донесуваат измените на Законот за додадена вредност примена на рестриктивните меѓународни санкции и квантитативни ограничувања (забрани за увоз и извоз) кон Русија и Белорусија
Обуката ќе се реализира со физичко присуство.
25 октомври 2023 година (среда)
9:30 – 15:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
ЦЕЛИ НА ОБУКАТА
Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност, следејќи ги измените на Директивата на Европската Унија со која се уредува данокот на додадена вредност, се врши доусогласување во делот со кој се уредува местото на промет, се воведува терминот даночен застапник со цел нерезидентните странски лица кои немаат седиште, а кои вршат промет на добра и услуги во нашата земја да можат да го пресметаат и платат данокот на додадена вредност на даночниот орган, се врши уредување на даночниот третман на прометот на добра и услуги со примена вредносни ваучери, a воедно се допрецизираат одредбите со кои се уредува ослободување од данок на додадена вредност а кои се однесуваат на дипломатските и конзуларните претставништва, вклучувајќи ги и инволвираните странски лица.
Во делот кој се однесува на даночните стапки, се врши ревидирање на истите во делот на примена на повластена стапка, а во насока на усогласување со Eвропското право следејќи ги ограничувањата кои се поставени и тоа преку зголемување на стапката на ДДВ од 5% на 10% на производи за човечка исхрана, кои не се дел од основните производи потребни за човечка исхрана, се врши намалување на стапката од 18% на 5% за прометот со ментруални производи со цел поттик за поголема заштита и хигиена кај одредена група на граѓани, исто така се намалува даночната стапка за дигиталните учебници, а воедно се зголемува даночната стапка за прометот и увозот на пелети, печки на пелети и котли на пелети од повластена даночна 5% на редовната стапка од 18%.
Рестриктивните мерки имаат за цел одржување на меѓународниот мир, безбедноста, почитувањето на човековите права и основните слободи и развојот на демократијата и владеењето на правото.
Истите се воведуваат, изменуваат или престануваат врз основа на: а) правно обврзувачки резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации; б) правни акти на ЕвропскатаУнија; в) правни акти на други меѓународни организации во кои членува Република Македонија во согласност со меѓународното право; г) барање од надлежен орган на друга држава за воведување, изменување или престанување на важење на финансиски мерки против тероризам и/или пролиферација или д)други акти согласно Законот за рестриктивни мерки („Службен весник на Република Македонија“бр.190/17).
Спроведувањето на рестриктивните мерки е во надлежност на повеќе институции.
АГЕНДА
1. Општи принципи и правила на Законот за ДДВ
2. Што содржат најновите измени на Законот за ДДВ
3. Анализа на измените на Одлуката за определување на добрата и услугите што подлежат на повластена стапка на ДДВ од 5% и 10%
4. Потенцијални ризици за правилно распоредување на определени стоки од аспект на примена на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ од 5% при увоз
5. Интеграција на мерката ДДВ во ТАРИК, примери за повластената стапка од 5% и 10%
6. Квантитаивни рестрикции-поим – член XI ог GATT, Член XX, Член XXI
7. Цели на рестриктивните мерки (санкции) и видови на рестриктивни мерки
8. Закон за рестриктивни мерки
9. Како се применуваат рестриктивните мерки (санкции) во Северна Македонија во областа на увозот и извозот – алатки и инструменти за пребарување по групи на производи и тарифни броеви.
ПРЕДАВАЧИ:
д-р Златко Ветеровски
помошник директор Сектор за меѓународна соработка и европски интеграции во Царинската управа на Република Северна Македонија.
Огнен Наумов
началник на одделение за ТАРИК во Царинската управа на Република Северна Македонија.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:
• компании
• увоз и извоз компании
• трговци
• банки
• шпедиции и логистички центри
ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА
Редовна котизација за еден учесник:
5.500 ден. (плус 18% ДДВ)
Котизација за сите останати учесници од иста компанија:
5.000 ден. (плус 18% ДДВ)
Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 24 октомври 2023 година.
За сите дополнителни информации во врска со обуката контактирајте не на:
телефон: 2 3128 526, 2 3128 525, 070 272 207
e-mail: institut@koncept.com.mk
www.koncept.com.mk