Back To Top

СИТЕ ЧЕКОРИ ДО ФОТОНАПОНСКА ЦЕНТРАЛА!

  27 мај 2022 година (петок)
  10:00 – 15:00 часот
   Обуката ќе се реализира со физичко присуство.
Точната локација ќе биде дополнително објавена.

Цел на обуката

Инвестирањето во изградба на фотонапонска централа е инвестиција која обезбедува висок процент на исплатливост од преку 14% на годишно ниво и на подолг рок од минимум 25 години. Притоа, инвестирањето во фотонапонски системи е со низок степен на ризик, бидејќи произведената електрична енергија е со загарантиран откуп (согласно македонската и европската регулатива). Ова е од особена важност во услови на економска и енергетска нестабилност и висока флуктуација на финансиските пазари на кои вложувањата во финансиски инструменти и хартиии од вредност се високо ризични.

Потврда во овој смисол е трендот на сé поголеми вложувања во енергетскиот сектор, пред сé во секторот на обновливи извори на енергија, со најинтензивни вложувања во фотонапонска енергија, што е забележително не само на светско и европско ниво, туку и во нашето опкружување.

Меѓутоа, иако станува збор за бизнис идеја која дава силна мотивација заради поволностите од аспект на солидни соларни капацитети, висока цена на електричната енергија на пазарот како и брзиот поврат на инвестицијата, сепак во процесот на нејзина реализација се соочуваме со низа препреки и непознаници кои водат кон комплицирани процедури, најмногу заради лошата информираност и недоследност во спроведување на постапките.

Целта на оваа обука е пред сé да одговори на бројните дилеми и недоречености во процесот на реализација на идеја за изградба на Фотонапонска Централа во Република Северна Македонија, сé со цел да ѝм се овозможи на потенцијалните инвеститори, било да станува збор за мали и средни капацитети за сопствено и комерцијално користење, или за големи капацитети за производство приклучени на преносната мрежа, успешно да ги избегнат сите препреки и ја реализираат својата идеја.

СОДРЖИНА

  1. Сончева енергија: од сончев зрак до киловат електрична енергија.
    • Краток осврт на теориските аспекти на конверзијата на соларната енергија во електрична, посебно од аспект на комерцијалното искористување и погрешните перцепции за истата.
  2. Соларни капацитети: глобални, регионални и локални расположиви соларни капацитети со посебен акцент на територијата на Република Северна Македонија.
    • Компаративни анализи на соларните капацитети во глобала споредбено со македонските капацитети.
  3. Преглед на законската регулатива согласно македонското законодавство.
  4. Хронологија на потребните постапки за реализација на Проект за изградба на Фотонапонска централа со посебен осврт на најчесто повторуваните грешки:
    • Дефинирање на локација со проценка на капацитетите,
    • Постапка за приклучување на дистрибутивната или преносната мрежа.
    • Урбанизација на градежната парцела до добивање Одобрение за градба.
    • Подготовка на целокупната проектна документација.
    • Процедури пред надлежните органи (Општина, Министерства, Регулаторна Комисија за енергетика)
    • Подготовка на терен, изведба и приклучување на мрежа.
  5. Финансиски анализи и физибилност на Проектите.

ПРЕДАВАЧ

М-р Александар Чеботарев
Дипломиран електротехнички инженер, Магистер на електротехника и информациски технологии во областа на Обновливи Извори на Енергија.

Моментално на работна позиција Compliance Officer во МЕПСО АД Скопје.
Експерт во дизајнирање, проектирање и изведба на Фотоволтаични централи, со петнаесетгодишно искуство во областа. Автор на повеќе трудови и публикации за искористувањето на соларните потенцијали на Република Северна Македонија. Автор на Студии и проектни документации за неколку фотоволтаични централи.

ЦЕЛНА ГРУПА

Мали и средни компании, за сопствено и комерцијално користење; за големи капацитети за производство приклучени на преносната мрежа; за сите кои сакаат детално да се запознаат со фотонапонска централа.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
•    работен материјал во електронска форма;
•    сертификат за присуство.

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата за еден учесник изнесува 5.000 денари, плус ДДВ.
За секој нареден учесник од иста организација котизацијата изнесува 4.500 денари, плус ДДВ.

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до
25 мај 2022 година.

27 мај 2022 година

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт